13.02.2026

Марина одгледува памук и преработува материјали во облека

Марина одгледува памук и преработува материјали во облека

Тимот на Кајак.мк веќе со години ги раскажува приказните на вистинските македонци кои за нас се патриоти во буквална смисла на зборот, бидејќи тие докажуваат дека во Македонија има умни луѓе кои ја прават Македонија (или барем и влеваат надеж дека може да биде убаво место за живеење). Токму овие наши локални херои се оние кои прават мали нешта од огромно значење во развојот на туризмот.

Денеска ве водиме во Штип, каде што Марина живее од 2004 година, а родена е во Куманово. Таа е жена хероина која одгледува памук, а преработува и материјали со кои создава ремек дела.

Марина е уметница која твори во областа на применетите уметности, создавајќи текстил, облека и накит со фокус на одржливи и природни материјали. Нејзиното творештво е инспирирано од минатите искуства на луѓето од нашето поднебје и се води од одговорност кон просторот во кој живее. За неа, екологијата не е само концепт или модерен тренд, туку лична одговорност и начин на живот.


Проектот на Марина се роди од желбата да придонесе кон рамнотежа помеѓу ресурси, луѓе и системи. Таа верува дека секој може да направи нешто конкретно за заштита на околината, и тоа го практикува со личен пример. Одгледувањето памук и користењето природни материјали се дел од нејзината филозофија дека природата треба да се почитува и да се користи без да се повредува. „Мојата цел не е само да творам убави предмети, туку да покажам дека креативноста може да оди рака под рака со одговорноста кон околината,“ објаснува таа.


Патот не беше секогаш лесен. Најголемиот предизвик беше да најде рамнотежа помеѓу замислата и реализацијата. „Понекогаш имаш идеја која изгледа совршено во глава, но материјалот или техниката не ја поддржуваат. Тогаш почнува процесот на пробување, грешка и повторно пробување. Секоја грешка е мал чекор напред,“ вели Марина. Секојдневието ѝ е комбинација од истражување, тестирање варијанти и изработка на финални производи. „Понекогаш се чувствувам како истражувач кој разговара со материјалот – тој ти покажува што е можно и каде треба да се прилагодиш,“ објаснува таа.


Најголемата награда од оваа работа е мирот што доаѓа од тоа што творештвото е во согласност со сопствените вредности. Поддршката од семејството, пријателите и соработниците ѝ помага да продолжи кога е најтешко, да ја одржува инспирацијата и да верува во својата визија. „Кога тие веруваат во процесот, знам дека сум на вистинскиот пат,“ додава таа.


За Марина, ова не е само уметност или занает, туку нешто што има реална важност за заедницата и за светот околу нас. Преку својата работа, таа покажува дека можеме да создадеме убавина без да ја повредиме природата и дека вистинската вредност е во тоа како и зошто нешто е направено. Во иднина, Марина сака да продолжи да развива свои практики преку изложби и истражувања, со фокус на одговорност, одржливост и дијалог со луѓето. „За оние кои размислуваат да започнат слично нешто, пораката е едноставна – истражувајте, творете и останете доследни на своите вредности,“ заклучува таа.

Доколку размислувате какво добро дело можете да направите денеска, тогаш ние би ви дале совет да ја споделите приказната на Марина на вашите социјални мрежи. Бесплатно ви е тоа, а и истото се прави во минута. Само така ќе ја проширите приказната за да стигне до некој кој навистина има потреба да соработува со Марина, а со тоа ќе ја гледаме Марина со натамошни нејзини успеси.

Остави Коментар

Коментари

  • Љупчо Андрески

    12.02.2026 21:21

    Каде да ги погледаме вашите производи и кои се цените. Може ли онлаин да се купат. Дали испорака -достава вршите на адреса.Со почит . Љупчо

Прочитајте повеќе

Ново бајковито место во Македонија каде можете да престојувате!

Ново бајковито место во Македонија каде можете да престојувате!

Охрид од поинаква перспектива: вино и традиционални вкусови

Откријте го Охрид од поинаква перспектива со македонски вина, локални сирења, сувомеснати производи и традиционални вкусови.

Македонија добива уште еден скриен рај! Нови уникатни дрвени куќички кај Кокино!

Македонија добива уште еден скриен рај! Нови уникатни дрвени куќички кај Кокино!

Ново на kajak.mk: Ново водено адреналинско искуство на Охридското Езеро

kajak.mk носи ново водено искуство во Охрид – приватна eFoil обука со професионален инструктор и комплетна опрема на Охридското Езеро.

Планинско сместување на Кајак.мк каде никој нема да може да ве најде!

Планинско сместување на Кајак.мк каде никој нема да може да ве најде!

Македонија по зајдисонце: земјата што не ја гледаме преку ден

Што се случува во Македонија кога ќе се стемни? Од ѕвезденото небо и ноќните планински патеки до селските огништа и необичните места за престој.