Ноемвриски рурален тим билдинг со TaskForce!

Тим билдинг во Росоман

Ноемвриски рурален тим билдинг со TaskForce!

Кој вели дека ноември не може да биде интересен за тим-билдинг патувања? Со добра облека, позитивна мисла и, најважно од сè, добар тим, секое патување може да се претвори во една убава тимска приказна исполнета со смеа, дружење и незаборавни моменти.

Тимот на Кајак.мк успешно реализираше уште едно уникатно тим-билдинг патување за вработените во компанијата TaskForce, овојпат во срцето на рурална Македонија, во Росоман.

Наместо класичните тим-билдинг активности, овојпат се одлучивме за нешто сосема поинакво – етно и рурален концепт, инспириран од традиционалниот селски живот, со многу хумор, натпреварувачки дух и забава.

Трки со селски колички, собирање компири, чување кокошкини јајца и уште многу необични предизвици беа дел од активностите преку кои вработените имаа можност да ја покажат својата снаодливост, тимска соработка и креативност.

А кога на сето ова ќе се додаде и вкусот на домашната македонска кујна, приказната станува уште поубава!

Им благодариме на TaskForce за довербата и за прекрасната енергија со која го направија овој ден посебен!

Нашата мисија во Кајак.мк продолжува – да ги откриваме скриените убавини на Македонија, да го поддржуваме локалниот туризам и да создадеме уникатни тимски искуства кои ги поврзуваат луѓето.

Затоа што секоја сезона е вистинска сезона за тим-билдинг, кога зад организацијата стои добар тим!

Остави Коментар