Тим билдинг во Свети Николе

Компанијата BtoBet со нови 1000 засадени дрвца

Компанијата BtoBet со нови 1000 засадени дрвца

Засадени нови дрвца преку тим билдинг во регионот на Свети Николе

Почетокот на месец Мај го започнавме со уште една акција за пошумување во регионот на Свети Николе. Компанијата БтоБет засади нови 1000 стебла црн Бор во околината на село Стањевци, односно на предел кој беше уништен од масовните пожари кои избувнаа во регионот.

Тимот на Кајак.мк се радува што ја имаше можноста да се дружи со компанијата BtoBet која покрај акцијата за пошумување, даде дирекна поддршка на локалната економија во овој регион.

Денот ни започна со акција за пошумување во регионот на село Стањевци, а ни заврши во село Пишица каде што се наоѓа прекрасниот ресторан Амбиент.

Драго ни е што домаќините на ресотранот Амбиент ни овозможија да уживаме во вкусовите на локалната храна, нивните специјалитети, а покрај главниот ручек да можеме да го заокружиме денот со бургери и пикник под отворено небо.

За забавата да биде паметена се погрижи Петар Малинов кој воедно го обележа својот роденден заедно со нас и кој ни приреди шоу кое ќе го паметиме.

Од забавни тим-билдинг игри, Art and Craft работилница, ладно пиво, засадени дрвца и вкусна скара, ваквите еднодневни настани во природа нѐ прават посреќни луѓе кои имаат побогати знаења за нови места во Македонија.

Остави Коментар