Aктивен викенд во Ранковце со Шпаркасе Банка

Тим билдинг во Ранковце

Aктивен викенд во Ранковце со Шпаркасе Банка

Среќа е кога им организирате на компаниите незаборавни искуства за кои дел од нив никогаш не ни слушнале. Викендот кој ни измина имавме можност да се дружиме со Шпаркасе Банка, чии вработени ги посетија нашите локални хероисе запознаа со нивната работа и со начинот на кој тие го промовираат туризмот.

Од Пелистер, Пониква, Маврово, Тиквешкиот регион па се до Ранковце, на која дестинација ќе се задржиме во денешното четиво.

На патувачите кои живеат во светот на Кајак, Ранковце им е познат по ранчот на Марија Дуда каде летово беа испишани многу приказни, се стекнаа нови пријателства и се разгоре една нова искра за развој на туризмот во ова село.

За нашата хероина Дуда сме пишувале доста. Таа е една од ретките луѓе кои се одлучуваат да се вратат и да инвестираат во Македонија.

Дуда живее за развој на руралниот туризам во Ранковце. Љубовта кон коњите и ранчот како животен стил и се ветар во грбот и најголемата мотивација која и помага да го создаде првиот Green Comfort Center за терапија со животни во Македонија.

Нам ни е драго што Шпаркасе Банка ја одбра ова дестинација, што слободно може да кажеме дека е од огромна поддршка за Марија и стимул да продолжи да се вложува таму каде што застанала.

Вработените на Шпаркасе Банка се запознаа со начинот на одгледување коњи. Научија доста информации за карактеристиките на ова животно, а воедно и помогнаа на Марија во собирањето сено за нивна исхрана, како и собирањето свежи плодови од градината на ранчот.

За Марија Дуда, организирањето вакви настани претставува одличен момент преку кој може да ги запознае гостите со селскиот начин на живеење, со обврските на село, кои не се едноставни и кои започнуваат од рано наутро до зајдисонце.

Со самото пристигнување на ранчот, тимот на Шпаркасе Банка можеше да ги почуствува позитивните вибрации на околината. Ранчот е pet-friendly, а скоро секоја година Марија вдомува ново улично куче, а коњите од година во година стануваат се побројни.

За домаќинката Дуда, хипотерапијата со коњи е нешто кое му е потребно на секој поединец. Во склоп на нејзиниот ранч има сместувачки капацитет за сите кои се заинтересирани да останат на повеќе денови. Целта од престојот на ранчот е да им овозможи на гостите терапија со коњи, да ги направи среќни сите деца кои имаат потреба да ја почуствуваат енергијата на коњите и да дегустираат здрава веганска храна.

Според Марија, ова е одлично место и за тим билдинг настани и практикување јога за која цел таа има сертификат од Ashram во Индија.


ЛОКАЦИЈА

Leave a Comment