18.10.2024
Запознајте го македонецот Михаил: Човекот кој го произведува најдобриот македонски џин
Запознајте го македонецот Михаил: Човекот кој го произведува најдобриот македонски џин
Ако на платформата
на Кајак.мк можете да најдете милион позитивни приказни за локалните мештани во
Македонија, оваа приказна дефинитивно ќе ви прерасне во една од омилените,
земајќи го фактот дека раскажуваме за млад човек кој своите амбиции ги
остварува со голема љубов и посветеност кон работата.
Денеска ве водиме
во градчето Виница, каде во неговото срце, со полна пареа работи дестилеријата
на Михаил Трајков, човекот за кого неговите блиски велат дека е иновативна
личност која постојано се впушта во нови предизвици и проекти.
Михаил е дипломиран градежен инженер, со специјализација во челични конструкции. Неговата главна професија е поврзана со работата со челик, што некако дирекно се поврзува со македонскиот џин „Welders“.

За оние коишто за
првпат се соочуваат со називот на пијалакот „Welders“, треба да имаат до знаење дека токму овој џин,
се произведува во Македонија, а истиот е резултат на макотрпната работа и
годините кои Михаил ги посветува за да го добие совршениот вкус.
Михаил го започнал своето патување во производство на џин во 2019-та година. Првата тура ја произведува со старински казан кој е во сопственост на неговото семејството со генерации. Резултатите кои биле доволно добри, го поттикнале да продолжи во усовршувањето на овој занает и да работи на недостатоците.

| Резултатите од првото производство го поттикнуваат Михаил да инвестира во современ „колона“ казан од 300 литри, првично со шест bubble plates, кој подоцна беше надграден на шеснаесет за подобро прочистување. |
На прашањето на
Кајак.мк, од каде идејата за производство на џин, Михаил ни одговори дека пред
сѐ станува збор за семејна
љубов кон џинот, а потоа и желба да создаде уникатен пијалок кој ќе ја
одразува неговата страст за квалитет и вкус.
На почетокот, Михаил вели дека самиот процес бил многу трудо интензивен, па затоа со пoмош на пријатели изградил домашен резервоар за мешање на кашата, што го олеснила физичкиот дел од работата и му овозможила да се фокусира повеќе на развојот на вкусот на џинот.

| Секој процес се увршува преку проба и грешка |
Михаил нема формално образование за дестилација и производство на џин. Во денешниот свет, обилството на информации на интернет му овозможиле да ги усоврши своите вештини со секоја нова тура. Неговиот пристап е насочен кон трпение, постојано учење и посветеност за подобрување на квалитетот на џинот.

| Посветеноста носи зголемено производство и успех |
Денеска, Михаил
може да се пофали со зголемено производство на џин, со поголем капацитет
и оптимизиран процес. Џинот се произведува сезонски, користејќи
висококвалитетни состојки. Првичната
база од локално мелена пченица, е заменета или надополнета со комбинации до македонско грозје за дополнителна поврзаност со
македонската традиција. Мешавината на ботаници вклучува смрека (20-25% од
кошницата на џинот), коријандер, кардамон, ангелика корен, ирис корен,
камилица, боздел, мeдуника, кора од лимон и портокал, сладок корен, линцура и
други ароматични билки. Свежата планинска вода од селото Блатец додава посебна
нота на конечниот производ.
Во моментот, Welders Gin нуди само еден производ – современ
џин со понизок профил на смрека во споредба со традиционалните London Dry
џинови. Во иднина, можеби ќе има планови за проширување на асортиманот со
различни сорти.
Цената на шише од 700ml Welders Gin е 900 денари. Доставата е бесплатна за нарачки од повеќе од пет шишиња, додека за помали нарачки се наплаќа дополнително за карго достава.
Доколку сте група која патува во Виница, можете да резервирате дегустација на џин. Опцијата за резервација ја имате со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Ново на Kajak.mk: Кајак и бродски тури на Матка – откријте го кањонот од вода
Ново на Kajak.mk: Кајак и бродски тури на Матка. Истражете го Матка кањонот од вода, уживајте во езерото Матка, Врело пештера и уникатните природни пејзажи во близина на Скопје.
Катамаран тури на Охридско Езеро – Ново искуство достапно преку Kajak.mk
Откријте ги новите катамаран тури на Охридско Езеро. Панорамски крстарења, Св. Наум, Заливот на Коските, Радожда, Сини Лагуни и приватни пловидби за незаборавно езерско искуство.
Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум
Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум. Кајак.мк со уникатни тим билдинг патувања во Македонија.
Македонија на две тркала: Најубавите моторџиски патишта и авантури низ скриените предели
Моторџиски патишта во Македонија: Најубави рути за возење со мотор Откријте ги најдобрите моторџиски рути во Македонија – планински превои, езера, села, природа и авантури за љубителите на мото туризмот.
Што се случува оваа недела во Македонија: фестивали, концерти и летни настани
Откријте ги најинтересните настани во Македонија оваа недела – фестивали, концерти, културни случувања и идеи за викенд патување низ земјата.
Кајак.мк ве води во село Слепче
Слепче е дестинација која сè почесто ја избираат љубителите на мирниот одмор.