22.04.2024

Во Македонија постои Плевна која ги нагостува сите со домашна локална храна

Во Македонија постои Плевна која ги нагостува сите со домашна локална храна

Ако низ цел западен свет се бара начин како да се врати локалната, здрава и традиционална храна на трпеза, кај нас во Македонија, тоа за среќа ни е доста сочувано. Каде и да скршнете низ земјава, ќе наидете на угостителства и домаќинства кои го почитуваат домашната, локална и традиционална кујна.


Фотографија: Јане Јосифовски

Денеска, тимот на Кајак.мк ве води на 1100 метри надморска височина во село Куратица, каде своите врати за светот на Кајак.мк ги отворија домаќините Ивана и Горан, за нас нови локални херои кои вешто ја користат македонската плодна почва за обработка и подготовка на разни традиционални специјалитети.


Етно домаќинството „Плевна“, водено од семејството Мицкоски, не е само место каде што може да се одморите од секојдневните обврски, туку е простор каде што секој посетител станува дел од заедницата и животот на село.


Од 2011 година, Ивана и Горан Мицкоски започнуваат со подготовка на разни специјалитети наменети за гости од целиот свет, нудејќи им уникатен увид во автентичниот живот на село. Во „Плевна“, секој гостин е поканет не само да вкуси, туку и да учествува во приготвувањето на традиционални македонски јадења. Ова дава можност за вистинско искуство на учење и размена на културни вредности.

Ние би рекле: Мотивација од Срцето на Куратица и едно поразлично искуство, кое покрај храна, нуди и разни тури во околината.

„Плевна“ не е само локална храна, туку и живот исполнет со љубов кон природата и споделување на културно богатство. Возбудливите активности како пешачење со магариња и интеракција со локалното население обезбедуваат автентично искуство кое останува засекогаш во срцата и умовите на туристите.

Овде има разни патеки кои водат до локации од каде се нуди прекрасен поглед кон Охридското Езеро. Домаќините организираат планинарски и лесни пешачки тури. По секоја тура, групата ја очекува богата трпеза, со разни салати, макала, предјадења и главни јадења.


Срцето на домаќинството, котлето на отворен оган, е централно место за собирање и делење приказни. Секој гостин може да се вклучи во готвењето, од подготовка на домашен леб, до приготвување на свежа мешана салата со продукти земени директно од градината.

Културниот туризам во „Плевна“ е повеќе од одмор; тоа е шанса за поново откривање на традиционалните вредности што сè уште живеат силно во срцата на оние кои ги чуваат. Посетата во Куратица и домаќинството „Плевна“ е потсетник дека во едноставноста на селскиот живот се кријат најголемите училишта на човечноста и заедништвото.

Тимот на Кајак.мк започнува со органзиирање на гастро искуства во Плевна, доколку сакате да искусите една поразлична тура, испратете ни барање со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.