07.07.2026
Организиравме уште еден премиум тим-билдинг исполнет со незаборавни искуства
Организиравме уште еден премиум тим-билдинг исполнет со незаборавни искуства
Кога станува збор за креирање корпоративни настани што се паметат, тимот на Кајак.мк веќе со години поставува нови стандарди. Зад нас стојат куп успешно реализирани премиум тим-билдинг програми низ Македонија, но и надвор од нејзините граници, создадени со една единствена цел – да им овозможат на компаниите искуства што ги зближуваат луѓето и оставаат трајни спомени.

Изминатиот викенд имавме чест да организираме уште еден ексклузивен тим-билдинг за компанијата PanteleonGS – компанија која и оваа година уште еднаш покажа дека вложува во своите вработени, избирајќи искуство во кое секој детал е внимателно осмислен: од локацијата и гастрономијата, до активностите, организацијата и беспрекорната услуга.

4 јули беше ден исполнет со позитивна енергија, многу насмевки и дружење на отворено. Пријатниот летен ветер создаде совршена атмосфера и уште еднаш потврди дека најубавите корпоративни приказни се создаваат токму во природа.

Преку настанот понудивме комплетно премиум искуство – професионално уреден простор со сцена, современо осветлување, впечатлив декор и музичка програма во живо, дополнети со внимателно избрани активности како ATV авантури, Wine Hunting, креативни работилници за сликање и подготовка на свежа паста. Вечерта продолжи со дегустација на врвни македонски вина, гастрономски специјалитети и спектакуларен огномет кој симболично ја одбележа уште една успешна година на компанијата PanteleonGS.

А што е подобар начин да се заокружи една летна вечер од чаша добро разладено пенливо вино, споделени насмевки и моменти кои долго ќе се паметат?


Искрено им благодариме на PanteleonGS за довербата
што повторно ни ја укажаа и за можноста заеднички да создадеме уште едно
искуство кое потврдува дека квалитетната организација, автентичните локации и
вниманието кон секој детал се рецепт за успешен тим-билдинг.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.
Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?
Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?