01.09.2026

Македонија добива уште еден скриен рај! Нови уникатни дрвени куќички кај Кокино!

Македонија добива уште еден скриен рај! Нови уникатни дрвени куќички кај Кокино!

Најголемата туристичка платформа во Македонија – Кајак.мк, секогаш прва ги носи најновите ексклузивни вести од туризмот! Денеска сме среќни да ве информираме дека имаме нови уникатни дрвени куќички во околината на Кокино, каде можете да уживате во мирот, природата и прекрасните погледи што ги нуди овој дел од Македонија. Станува збор за комплекс од 5 дрвени куќички, создадени за оние кои сакаат барем на кратко да го заменат градскиот асфалт со зеленило, чист воздух и спокој. Уште една нова причина да ја истражуваме Македонија и да откриваме места за кои досега можеби не сме ни знаеле дека постојат.

Доколку сакате да погледнете повеќе информации, фотографии и опција за резервација кликнете ОВДЕ.


Куќичките се наоѓаат во Старо Нагоричане, во селска и природна средина од каде се отвора поглед кон Кокино и планината Козјак. Тука утрата започнуваат многу поразлично од оние во градот – со природа пред вас и можност денот да го поминете истражувајќи го овој прекрасен регион. Во близина се Кокино, Меморијалниот центар Пелинце, реката Пчиња, храмот „Св. Ѓорѓи“ од XIII век и планината Козјак. Ова е дестинација која можете да ја искористите и за мирен викенд, но и како почетна точка за мало патување низ североисточниот дел на Македонија.

Доколку сакате да погледнете повеќе информации, фотографии и опција за резервација кликнете ОВДЕ.


Секоја од куќичките нуди услови за удобен престој во природа, со опремена кујна, Wi-Fi, ТВ, фрижидер, сопствено купатило и инвертер клима уред. На располагање има и приватен паркинг, како и надворешен простор за оставање велосипеди. Токму комбинацијата од дрвена архитектура, природа и модерни услови за престој ги прави овие куќички интересно ново место за парови, семејства и мали друштва. А кога ќе посакате да излезете од куќичката, пред вас е цел регион кој чека да биде истражен.


Максималниот капацитет е до 4 гости по сместувачка единица, а пријавувањето е од 15:00 часот и одјавувањето до 10:00 часот. Доколку барате ново место за викенд далеку од градската бучава, овие дрвени куќички дефинитивно заслужуваат место на вашата листа. Од денеска можете да ги пронајдете на Кајак.мк и да испратите барање за резервација.

Доколку сакате да погледнете повеќе информации, фотографии и опција за резервација кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.