20.01.2026
Македонци ја освојуваат Малта со вкуснa храна: Од мал семеен бизнис до големи соништа
Македонци ја освојуваат Малта со вкуснa храна: Од мал семеен бизнис до големи соништа
| Пред да продолжите да го читате овој текст, ве известуваме дека истиот е достапен на вкупно 20 јазици! Без разлика каде и да живеете, нам ќе ни значи доколку ја споделите приказната на јазикот на земјата во која престојувате. Со тоа ја промовираме Македонија и докажуваме дека има македонци кои вредат. Приказната на сите јазици е достапна со еден клик ОВДЕ. |
Денеска ве водиме на Малта, каде има една добра приказна, вредна за дегустирање. Па доколку некогаш патот ве води на Малта, можете да посетите некој од рестораните на Mamma’s Sugar, а доколку не сте во можност да го посетите таму, тимот на Кајак.мк ве информира дека наскоро Mamma’s Sugar ќе добие свој ресторан во Македонија.
Приказната на Mamma’s Sugar започнува симболично – првиот продаден специјалитет на првиот гостин што некогаш влегол во локалот бил трилече со карамел. Токму тој момент го означува почетокот на една гастрономска приказна што постојано се развива и сè уште нема крај.

Создаден како мал семеен, занаетчиски проект инспириран од
домашни рецепти, Mamma’s Sugar со текот на времето прераснува во препознатлив
бренд во Малта. Денес функционира на три локации, а концептот е проширен и со
Mamma’s Brunch & Burgers – локал кој нуди внимателно креирано слатко и
солено мени, со бургери, бранч комбинации и интернационално инспирирани јадења.
Она што го прави брендот посебен е фактот што зад него стои македонско семејство кое преку својата работа активно ги промовира македонските вкусови ширум светот. Во понудата се препознаваат елементи од македонската кујна, автентични рецепти и специјалитети кои се прилагодени за интернационална публика, со што македонската гастрономија добива свое место надвор од границите на земјата.

Тимот на Kajak.mk ја препорачува Mamma’s како
задолжителна гастро-дестинација за сите кои ќе ја посетат Малта, особено за
оние што сакаат занаетчиски десерти, топла атмосфера и приказна на Ален Осман
кој стои позади брендот.
Покрај квалитетот на храната, брендот е препознатлив и по својата инклузивност – тимот е составен од луѓе од повеќе култури, а значаен дел од вработените се лица со посебни потреби, што го позиционира бизнисот како модерен, одговорен и хуман.

Десертите, предводени од тортите и трилечето со карамел, се особено популарни кај туристите, додека локалната публика често се враќа поради богатите бранч и бургер менија. Заедничко за сите посетители е препознавањето на искрената посветеност, свежите состојки и занаетчискиот пристап.

Официјално, ексклузивно од домаќините, се најавува дека Mamma’s
Brunch & Burgers наскоро ќе отвори свој ресторан во Скопје, што
претставува значаен чекор за брендот и уште еден начин македонските вкусови да
се вратат дома, збогатени со интернационално искуство.
Паралелно со ова, во 2026 година се планира и поширока европска експанзија, како и можности за франшиза, отворени за сите кои ја делат истата визија за квалитет, традиција и автентична храна.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.
Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?
Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?
Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“
Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.
Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!
Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!
Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија
Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија