25.09.2024

Љубовта кон Македонија ме поттикна да останам дома и да се посветам на квалитетното вино

Љубовта кон Македонија ме поттикна да останам дома и да се посветам на квалитетното вино

Тимот на Кајак.мк продолжува со раскажување на приказните на локалните херои во Македонија, кој создаваат мали нешта од огромно значење за развојот на туризмот. Ако нам нѐ прашате околу тоа како да го подобриме туризмот во земјата, ние дефинитивно би рекле дека треба да ги вклучиме ваквите луѓе во сите приказни за промоција на Македонија надвор од нашите граници.


Денеска, ве водиме во село Пепелиште, каде на само 2,5 километри од автопатот се наоѓа прекрасната винарија „Dane Hermes“ која во моментот ја има една од најубавите сали за дегустација на квалитетно македонско вино.

Семејната винарија Dane Hermes Wine Estate постои од 2020-та година и важи за една од првите регистрирани семејни винарии во Македонија. Позади неа, т.е. нејзниниот основач е еден од најпознатите македонски енолози и доктор по енологија (единствен во моментов кој се занимава со активно производство на вино) Др. Дане Јованов, кој своето долгогодишно искуство од преку 22 берби го стекнува прво во винарија Бовин. По Бовин, неговата кариера продолжува во градењето на винаријата Стоби од Градско, а својата карирера со работа во други винарии ја завршува во словенечката винарија Пуклавец Фемили Вајнс, каде прво ја води нивната винарија во Македонија, а подоцна станува член на УО на винаријата во Словенија и Директор за производство на целокупниот систем од три винарии.


По долгодишното искуство, Јованов одлучува да отпочне нова и сопствена приказна

Како дете кое потекнува од семејство на енолози, неговиот покоен татко Ѓорѓи Јованов – Хермес е еден од основачите на приватната винска индустрија, кој заедно со сопственикот на Бовин во 1999 година, ја започнуваат приказната на приватните винарии и политиката на квалитет наспрема квантитет.


Фотографии од меѓународно оценување на вина, каде како есперт Дане е претседател на комисии во Германија.

Дане за Кајак.мк раскажува дека минатата година требало да донесе одлука дали да се пресели со семејството во Словенија и да го води целокупниот словенечки ситем на винарии на Пуклавец Фемили Вајнс холдингот или пак да остане во Македонија.


Големата љубов кон Македонија го натерала да остане овде и да ја продолжи генерациската традиција на производство на врвни вина од Македонија, но овој пат со 100% лична сопственост.

Трудот и заложбата на Дане Јованов денеска резултираат со годишно производство на 30.000 шишиња со врвен квалитет, односно по околу 3.000-4.000 шишиња по етикета. Со ова, како што вели Јованов, се гарантира квалитет на секое шише. Производствениот програм во моментот се сости од популарното Мерло, Вранец, Пинот Ноар, Пино Гринџо, Олја розе од сортата Сирах и Темјаника, а во иднина во план е да започне со полнење на Каберне Совињон и бленд од Вранец, Мерло и К. Совињон.


Јованов е особено горд се сопствените лозови насади кои се на површина од 25 хектари и кои се наоѓаат на една од најдобрите микролокации во Тиквешкото виногорје, а тоа е микро локалитетот Лепово. Тоа значи дека целокупното производство се базира на сопствените лозови насади и дека се води строга контрола од самиот почеток на кроење на лозовите насади па се до берба. По самата берба со добри енолошки пракси успеваат да произведат врвни тероар вина на кои е означено од каде потекнуваат

Отсега можете да резервирате дегустација на вината во винарија Хермес. За повеќе инфо, кликнете ОВДЕ.


Винаријата ја има една од поубавите сали за дегустација во државата, со капацитет за околу 24-30 лица. Неодамна во винаријата гостин беше и Петар Грашо, од кого Дане ни ги сподели фотографиите. Доколку сакате да ги погледнете цените и испратите барање за резервација на дегустација, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Скриени плажи во Македонија: 7 места што ги знаат само локалците

Барате мирно место за капење? Погледнете кои се најубавите скриени плажи во Македонија и откријте природни заливи далеку од летните гужви.

Организиравме уште еден премиум тим-билдинг исполнет со незаборавни искуства

Организиравме уште еден премиум тим-билдинг исполнет со незаборавни искуства.

10 најубави панорамски патишта во Македонија што секој турист треба да ги доживее

Откријте ги најубавите панорамски патишта во Македонија. Од Галичица и Маврово до Мариово и Беласица, ова се 10 road trip рути што нудат незаборавни пејзажи и автентични доживувања.

Лето во Македонија: сезонско овошје, домашна зимница и традиционални вкусови

Откријте како летото во Македонија е поврзано со сезонско овошје, домашна зимница, џемови и традиционални рецепти кои се дел од автентичниот рурален живот.

Летен одмор во Македонија 2026: Скриената алтернатива на скапите медитерански дестинации

Македонија станува сè поатрактивна за летен одмор во 2026 година. Охрид, Преспа, Маврово и Берово нудат мир, природа и пониски цени во споредба со Медитеранот.

Неделно откритие од Македонија: Бонче – Кралската гробница под Селечка Планина

Откриј ја Бонче – Кралската гробница кај Селечка Планина во Пелагонија. Антички локалитет од IV век п.н.е. кој ја открива моќта и историјата на стара Македонија.