27.10.2020
Кампување на Куршевско Езеро во октомври!
Кампување на Куршевско Езеро во октомври!
Во Македонија може да направите навистина убави фотографии доколку ја сакате природата и знаете како да уживате. Доказ дека нештата кај нас не се претставени на вистински начин е младиот проект my_caping_adventures, кој во изминатиот период со преку својот комби-караван успеа да ја добрата страна на кампувањето. Тие беа во посета на беровскиот регион каде што се направени одлични фотографии. Во текот на месец октомври тие го посети и крушевското езеро, а фотографиите во продолжение говорат на тоа колку е убава есента во Крушево.
Ви го споделуваме интервјуто кое го направивме со нив.
КАЈАК: Здраво дечки. За многу краток период направивте #бум во нашата држава со нешто што е навистина ново и специфично, а реално на странските пазари кошта многу.Од каде идејата за ваков проект?
Ви благодариме на убавото интро. Уште од пред неколку години почнавме со планинарење и кампување, претежно со шатор, но тоа не беше доволно па така се разви и нашата желба и идеја да направиме нешто со коешто можеме повеќе денови да поминеме во природа и притоа да се чувствуваме удобно, одморено и релаксирано. Како викаат, 'кампингот не е потрошено време, туку инвестирано'.
KAJAK: Како започна сето ова? Која беше главната причина да се решите за нешто кое не е баш секојдневно кај нас?
Главната причина да се одлучиме на ваков чекор е тоа што нема поубаво нешто да поминеш квалитетно време во природа, да посетиш различни места и да се оддалечиш од секојдневието, а со помош на нашето комбе тоа може да си го дозволиме и на повеќе денови. Една од поголемите предности е и тоа што си 'слободен' и не зависиш од тоа дали ќе најдеш смештај на некое прекрасно место. Едноставно ќе отпатуваш таму, се паркираш и го имаш погледот од милион долари бесплатно. А плус кафе и убав поглед одат заедно.
Така да се недевам со ова ќе ја подигнеме свеста кај младите дека освен 'дремење' на интернет и по цел ден пиење кафе по кафулиња, постојат навистина многу поубави работи кои треба да се видат, а за кои е штета ако не се доживеат. Излезете од вашата комфорна зона.
ПС: Не фрлајте ѓубре насекаде!!!
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе

Ако се најдете во Охрид, посетете ги Билјанини Извори – туристичка атракција со легенда
Откријте ја магијата на Билјанини Извори во Охрид. Прочитајте ја легендата за Билјана, уживајте во убавината на изворската вода и зеленилото, и откријте зошто ова место е задолжителна туристичка атракција.

Три најпосетени водопади во Македонија – идеални за викенд бегство од градскиот метеж
Три водопади кои мора да ги посетите во Македонија.

Нови куќарки на Марков Манастир достапни за престој и уживање
Куќарки на Марков Манастир. Сместување и престој.
Предлог викенд дестинација: Вевчански извори - идеална дестинација за ден во природа со семејството или пријателите
Барате идеална дестинација за ден во природа со семејството или пријателите? Вевчанските извори нудат кристално чисти води, пешачки патеки низ магични долини и можност за авантура и релаксација под отворено небо.

Матка кањон – идеална викенд дестинација за целото семејство
Матка кањон – срцето на авантурата во Македонија

Дали сте слушнале за Етно ресторанот Мариово?
Во срцето на Мариoвскиот крај, ресторанот нуди автентична македонска атмосфера и богато мени со локални специјалитети кои ги оживуваат старите рецепти.