05.03.2026

Предлог пролетни сместувања во Македонија

Предлог пролетни сместувања во Македонија

Тимот на Кајак.мк секогаш вели дека најдоброто време за патување е тогаш кога никој не патува! А зошто? Затоа што тогаш нема да имате нервози од чекање во сообраќај, нема редици за да нарачате во ресторан и нема непотребен стрес кој често знае да го расипе целото патувачко искуство.

Ние веќе започнавме да ги избегнуваме коментарите од патувачите кои се жалат на услугите во угостителските објекти каде што престојувале, на пример за 2-ри август. А зошто? Затоа што веќе заклучуваме дека тоа не е вистинскиот патник репер за туризмот. Вистинскиот патник знае дека на 2-ри август не треба да седне во ресторан, особено не во ресторан кој се наоѓа на туристичка локација.

Се надеваме дека сфативте што сакаме да кажеме.

Токму поради тие причини сакаме да ви го истакнеме периодот помеѓу 10-ти март и 30-ти март како период кога навистина вреди да резервирате и да отпатувате некаде на викенд со луѓето кои ги сакате.

Пролетта веќе е надвор. За само неколку дена речиси секое дрвце ќе биде расцутено, природата полека се буди, а температурите стануваат идеални за кратки викенд авантури. Затоа, од 10-ти до 30-ти март, отворете го новчаникот и резервирајте престој со кој ќе ги наполните батериите – без главоболки, без гужви и без туристички хаос.


Ние ви предлагаме да ги посетите следните дестинации:

  • Пониква
  • Пелистер
  • Дојран
  • Демир Капија

А кога станува збор за сместувања, ние секогаш ги истакнуваме оние кои на Кајак.мк се означени како „добри домаќини“. Тоа се домаќини кои се секогаш тука да ви одговорат на вашите прашања, да излезат во пресрет на вашите барања и да ви понудат проверено квалитетно сместување кое ќе го оправда вашето патување.

Сместувањата можете да ги погледнете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.

Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?

Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?