06.12.2021

Вила скриена во букова шума достапна на Кајак

Вила скриена во букова шума достапна на Кајак

Уште една вила која се наоѓа на одлична локација. Регионот на Пехчево е во исчекување на снежната покривка, а особено пределот на Равна Река коe е одлично место за едно уникатно бегство од сите!


Foto: Bojan Angelovski (on goolge)

Среќни сме што се повеќе домаќини се одлучуваат да ги отворат своите врати за светот на Кајак.мк во кој царува едно поразлично движење кое ја дише новата ера на туризмот во Македонија. Среќни сме што се повеќе патувачи се одлучуваат да го честуваат животот преку активен туризам, пешачење, запознавање локални херои и давање поддршка на локалната економија.


Foto: Gjorgji Angelovski (on google)

Затоа денеска ќе ве запознаеме со домаќинот Александар, кој вели дека неговата вила е место кое може да ви ги наполни батериите.

За оние кои досега немаат слушнато за „Равна Река“, би сакале да ви споделиме неколку реченици кои ќе ве потикнат да го контактирате Александар и да резервирате престој во неговата вила.


Foto: Bojan Angelovski (on google)

Равна Река е позната по пехчевските водопади кои се наоѓаат на ова поднебје. Областа се наоѓа под самата македонско-бугарска граница кај Ченгино Кале, каде се наоѓаат изворите на реката Брегалница. Посетителите овде може да уживаат во уредените пешачки и велосипедски патеки, а во центарот на населбата се изградени исто така и терени за фудбал, ракомет, одбојка и слично.


Она што го прави уникатно ова место е буковата шума, во која се наоѓа и вила Александар. Вилата е оддалечена околу 10 километри од центарот на Пехчево, што значи дека гостите може да одвојат од своето време и да го посетат градот.

Вилата е идеална за фамилијарни патници кои сакаат мир, тишина и чист планински воздух.

Доколку сакате повеќе информации за сместувањето, фотографии и контакт, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.