02.02.2022
Предлог за викенд: Рибен ресторан „Планинска куќа“
Предлог за викенд: Рибен ресторан „Планинска куќа“
Ни доаѓа уште еден викенд. За оние кои размислуваат каде да скршнат, тимот на Кајак.мк ви споделува уште една гастономска дестинација. Во нашата база го додаваме рибниот ресторан „Планинска куќа“ која се наоѓа во село Бистрица. Ова село е во подножјето на Пелистер, недалеку од Битола, по течението на реката Бистрица.

Домаќините на куќата велат дека специјалитети овде се свежите калифорниски пастрмки со вели и црвено месо.

Ресторанот има богата винска карта со разни сортни вина од доста домашни винарии, а вино и риба е совршена комбинација. Ресторанот има прекрасна летна тераса која нуди извонреден поглед, а внатрешноста е пријатна и топла за ладните зимски денови.

Домаќинот Миле вели дека специјалитет на куќата е секако златната пастрмка, но за они кои не се љубители на рибата, во менито има и скара. Објектот работи секој ден од 12:00 до 21:00 часот, а постои од 2014-та година.

Летниот период е
доста актрактивна дестинација. Рибарникот го посетуваат странски туристи кои доаѓаат
по свежа вкусна риба.
Оние кои сакаат да го доживеат ова гастрономско искуство, може да резервираат на 077 840 544, 078 426 969 или 078 226 205
Рибниот ресторан „Планинска куќа“ од денеска е дел од нашата база „Гастрономија“, а која може да ја погледнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.