Рибен ресторан „Планинска куќа“

Каде во Битола? Разговарај на Viber Јави се на телефон

Рибен ресторан „Планинска куќа“ Резервации на: 077 840 544, 078 426 969 или 078 226 205

Во нашата база го додаваме рибниот ресторан „Планинска куќа“ која се наоѓа во село Бистрица. Ова село е во подножјето на Пелистер, недалеку од Битола, по течението на реката Бистрица.

Домаќините на куќата велат дека специјалитети овде се свежите калифорниски пастрмки со вели и црвено месо.

Ресторанот има богата винска карта со разни сортни вина од доста домашни винарии, а вино и риба е совршена комбинација.

Ресторанот има прекрасна летна тераса која нуди извонреден поглед, а внатрешноста е пријатна и топла за ладните зимски денови.

Домаќинот Миле вели дека специјалитет на куќата е секако златната пастрмка, но за они кои не се љубители на рибата, во менито има и скара.

Објектот работи секој ден од 12:00 до 21:00 часот, а постои од 2014-та година.

Летниот период е доста актрактивна дестинација. Рибарникот го посетуваат странски туристи кои доаѓаат по свежа вкусна риба.

Оние кои сакаат да го доживеат ова гастрономско искуство, може да резервираат на 077 840 544, 078 426 969 или 078 226 205

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар