05.05.2021

Ги мотивираме локалните мештани на Берово да го работат тоа кое го наследиле од претците

Ги мотивираме локалните мештани на Берово да го работат тоа кое го наследиле од претците

Ако нашиот тим се стреми кон постојано изнаоѓање нови локални херои кои прават мали нешта од огромно значење во развојот на туризмот, иста таква мисија има и хотелот „Манастир“ во Берово кој веќе подолго време го стимулира локалното население.

Драго ние што разменивме по некој лаф со Дина, жената која со нејзиниот татко и Владо се главни виновници кои поттикнале многу локалци да останат во Берово каде ќе продолжат да го работат тоа кое го наследиле.


Дина вели дека од самиот старт на хотелот работат според нивна интуиција која им дава до знаење дека тоа е во полза како за природата така и за локалното население. Уште на почетокот имале желба да создадат туристичка понуда која ќе биде во духот на одрживиот развој. По долги години, хотелот „Манастир“ успеа да изгради голема фамилија од локалното население кој неуморно се грижи за производство на квалитетна и вкусна храна наменета за гостите во хотелот. Покрај храната, мештаните имаат вмешано прсти и надворешниот и внатрешен изглед на хотелот, како и во атракциите кои се им се нудат на гостите. 


Хотелот е во одличен етно стил, материјалите и ресурсите се набавени од локалните мајстори и занаетчии. Резбаните лустери се дело на господинот Слободан, калаџиските тави на Славчо, а гоблените и милињата се од мајка ми и баба, вели Дина.

Она што можеби нам како тим ни е доста драго е фактот дека хотелот вработува локални жители кои најчесто ги обучува за вештините што се потребни за извршување на работните обврски. Со тек на време тие стануваат дел од тимот на „Манастир“, а чиј дух на колегијалност носи голема заслуга за напредокот.


Мора да се истакне дека домашните специјалитети и пијалоци кои се служат во ресторанот на хотел Манастир, се подготвени од еколошки и органски намирници одгледувани на беровските ниви и фарми, како на пример сирењето и буламачот од тетка Весна, жената која скоро две децении соработува со хотелот. Овде е и препознатливиот беровски компир од с. Двориште, кое е производство на Ванчо.

За плодовите од околните шуми, како што се шумските јаготки, дивите капини, малини, рибизли и боровинки се грижи вредниот Илчо кој заедно со неговото семејство подготвува домашни сокови и слатка за гостите.


За природниот мед се грижи Ванчо, а за традиционалните специјалитети кои се подготвуваат во хотелот е виновен Борче кој знае добро да го искомбинира локалниот планински вргањ и многуте локални зачини и чаеви.

Хотелот Манастир соработува со локални планински водичи, како што се младите ентузијасти Кире и Кате. Менаџментот на хотелот честопати промовира планинарски и планинско- велосипедски тури на гостите се со цел да го надополнат своето слободно време.


Гостите на хотелот имаат на располагање 25 планински велосипеди со кои може да го истражуваат регионот.

За оние кои ќе се одлучат да престојуваат во хотелот, тимот на Кајак.мк им ја препорачува турата која ја организира хотелот, а која вклучува посета на бачилото на дедо Ќиро.


Она што ја прави турата особено интересна е храната која се сервира на бачилото на дедо Ќиро, а која изобилува со јагнешкото месо, пити, млечни и градинарски производи кои тој самиот ги одгледува во околината на бачилото.

Во склоп на турата се посетуваат манастирите, Св Архангел Михаил кој привлекува внимание со неговата интересна легенда и работилница за мозаици и Св Богородица Балаклија кој манастир е познат по работилниците за природна козметика и масла и домашен манастирски локум.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!