04.04.2020
Патувачка кујна на Кајак: #3: Рецепт за мексикански такос!
Патувачка кујна на Кајак: #3: Рецепт за мексикански такос!
Сакате да го вкусите меѓународно патување без да ја напуштите кујната? Првиот агрегат за патување објавува втор рецепт од различна светска кујна што може да го направите дома. Цел е да ви овозможиме поинтересена самоизолација или полициски час со тоа што ќе патувате низ континентите без да стапне вашата нога надвор.
За денеска ја имаме главната ѕвезда на Мексико, тоа е славното ТАКОС! Кулинарскиот камен-темелник на Централна Америка, рецепт кој е обожуван од целиот свет.

Tacos have been a Mexican staple food for hundreds of years © burwellphotography / Getty Images
ШТО Е ТАКОС?
Ако пченката е срцето на мексиканската храна, тогаш ТАКО (ТАКОС) е душата на земјата. Бидејќи содржи се што сакаат мексиканците. Секаков вид на пријатни состојки.
Што ви е потребно:
500гр мелено говедско месо
Лук во прав, по желба (но додајте за да го осетите вкусот)
Тортили од пченкарно брашно
Маслиново масло, за пржење (можете и обично, но сепак...)
3 парчиња сецкани лути црвени пиперки
1 среден кромид, ситно исечен
1 домат, исечен
Неколку лисја од коријандер исецкано
2 авокада, исечени
Неколку парчиња краставички (по желба)
2 парчиња лимон
сол, по желба

Fish tacos are another popular variant of the dish served across Mexico © Lindsay Lauckner Gundlock / Lonely Planet
КАКО ДА ГО НАПРАВИТЕ?
Чекор 1: Во тава, испржете го говедското месо со малку лук во прав додека не зацрвенее. Исцедете ја маснотијата и тргнете настрана.
Чекор 2: Земете ги вашите тортиљи и на нив нанесете неколку капки маслиново масло.
Ставете ја тавата на оган и испржете ги тортиљите. Доколку ги купуте полу готови, ви преостанува да ги испечете на истиот начин.
Чекор 3: Оставете ги настрана за да се изладат.
Чекор 4: А сега следува уметноста. На секоја тортиља нанесете од месото. Додајте чили, кромид, лисја од коријандер и авокадо, а по желба и краставички. Не ја преполнувајте се со цел да можете да ја преклопите, Додајте сол, а по желба можете и сирење, зелена салата или лимон.
НИЕ ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ ДОДЕКА ГО ПОДГОТВУВАТЕ ТАКО-ТО, ДА ЈА СЛУШАТА ОВА МУЗИКА СЕ СО ЦЕЛ МЕКСИКО ДА ВЛЕЗЕ ВО ВАШИОТ ДОМ:
Патувачка кујна на Кајак: #2 Рецепт за Колката кати!
Патувачка кујна на Кајак: Рецепт за Израелска шашука
Што пишува црнобело за Мексико: Самото име на оваа прекрасна земја предизвикува повеќе емоции, стереотипи и очекувања од која било друга земја. Некои луѓе веднаш го поврзуваат со вкусната храна, некои со музиката на маријачите, а некои со мексиканските сапунски опери и бескрајни плажи со палми.

Обединетите Мексикански Држави, скратено Мексико, се наоѓаат во Северна Америка. Западниот брег на Мексико го опкружува Тихиот Океан, додека на исток излегува на Карипското Море и Мексиканскиот Залив.
Мексико се граничи со САД, Гватемала и Бализе. Поголемиот дел од територијата на Мексико се состои од пустини и полупустини. Познат е по чили пиперки, пченка и чоколадо, а доколку ова не ви е доволно, поради овие 6 причини ќе го засакате Мексико.
1. Неверојатни глетки
Не е важно дали се работи за врвот на тврдината Castillo de Chapultepec во Мексико Сити, која е единствената тврдина во Северна Америка каде што живееле владетелите, или за Hierve el Agua, која се наоѓа во Оахака и обезбедува поглед на планинскиот масив.
Постојат многу убави глетки во земјата на Маите и Ацтеките кои ќе ве остават без здив.
2. Природни убавини
Кактуси, кои стојат како мали скулптури, прекрасни пештери со плажи и проѕирна, тиркизна зеленикава вода која ги обликува пејзажите на Мексико. Вулкани во облаци од чад или флуоресцентни планктони во брановите на океанот - Мексико има сè.
Ако сте вистински љубител на природата и авантурата, сигурно ќе пронајдете многу места кои ќе сакате да ги истражите.

3. Богатство на бои
Светлите бои се наоѓаат насекаде, почнувајќи од традиционалните шарени долги марами, преку обоените ѕидови и врати на колонијалните куќи кои ги украсуваат улиците на градовите, до ракотворбите на индијанскиот народ.
4. Сочни и егзотични закуски
Колку различни вкусови можат да се измешаат во една земја? Бескрајно многу. Во Мексико можете да пробате chilaquiles, традиционално јадење од пченкарна тортиља со разни сосови, huevos rancheros, пржени јајца сервирани како на руралните мексикански фарми, такоси и др.

Cafe de olla е типично кафе кое се подготвува со цимет и посебен вид шеќер. Horchata е сладок пијалак од ориз и бадеми, а michellada е мексиканско пиво со сок од домати, чили, лимета и сол.
5. Топол и пријатен народ
Иако секојдневниот живот во Мексико е постојана борба за многумина, неверојатно е како луѓето се борат против животните проблеми со оптимизам и радост. Тие се секогаш расположени за непланирана забава.
6. Мистериозна магија
Нема сомнение дека во Мексико постои некаква магија. Богатата културна историја и древната цивилизација се толку длабоки и фасцинантни што ќе почувствувате некоја чудна енергија кога ќе ги слушате нивните приказни.

Мексико не е совршен, тој е реален, полн со емоции и совршено несовршен, токму затоа и ќе го засакате.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Марина одгледува памук и преработува материјали во облека
Запознајте ја Марина, уметница која твори текстил, облека и накит од одржливи материјали. Нејзината работа спојува традиција, природни ресурси и одговорност кон природата и луѓето.
Алтернативен туризам во Македонија: како локалните искуства го менуваат начинот на патување
Алтернативен туризам во Македонија со фокус на локални искуства, автентични доживувања и човечки приказни. Откриј нов начин на патување.
Македонско семејство ја воодушевува Германија со храната и гостопримството
Од Струмица до Леверкузен: семејна приказна за храброст, вкус и успех. Приказните за успешните македонци достапни на Кајак.мк и Macedonia Abroad.
Анти-Инстаграм Македонија: дестинации што не се тренд, но стануваат избор на свесни патници
Откриј го концептот на анти-инстаграм туризам во Македонија – патување без гужви, без филтри и без сценографија. Анализа за новиот профил на патник.
Ги мотивирам луѓето да купуваат македонски производи дирекно од градините
Запознајте го Филип Димкоски – агроном, новинар и основач на „Градината на Филип“, кој ги учи луѓето како да одгледуваат сопствена еколошка храна.
BIT 2026 Милано: Светски центар на иновативен и одржлив туризам
BIT 2026 во Милано започна денес! Откријте ги најновите туристички трендови, иновации, одржлив туризам и глобални можности за туристички оператори и дестинации, вклучувајќи Македонија.