31.08.2021
Мојата бавча е моја домашна фабрика за вкусна зимница
Мојата бавча е моја домашна фабрика за вкусна зимница
Кога на Кајак.мк зборуваме за локални херои подразбираме на луѓе кои ги ценат природните богатства на земјава. Луѓе кои прават се од срце за да го промовираат тоа кое го раѓа нашата земја и да го искористат природниот потенцијал за да докажат дека „Рајот на земјата- може да биде Македонија“.
Листата на локални граѓани кои произведуваат и служат тоа што го нуди почвата се надополнува со уште една хероина која
невработеноста ја поттикнала да ги засука своите ракави и да докаже дека една
обична бавча може да биде добра фабрика за вкусна храна.
Нашиот караван направи кратка пауза во Демир Хисар, каде ја запозна хероината Александра Лoзановска. Нејзиното гастрономско искуство од денеска е дел од нашите понуди за тим билдинг патувања кои ги организираме преку платформата на Кајак.мк, а за кои патувања можете да ни испратите барање со пополнување на формуларот кој ќе го најдете со еден клик ОВДЕ.
Демир Хисар е мало место за живеење, но во него живеат луѓе со големо срце за дочек на нови гости. Една од нив е Александра. Жената која преку својата уникатна домашна зимница ја раскажува приказната за начинот на живеење во селото.
Со готвење
се занимава од многу одамна, а
усовршувањето ја поттикнало да ги прошири своите хоризонти и да понуди нешто кое
ќе привлече повеќе гости во своето родно место. Веќе три години е
активен член на „Slow Food“, а освен подготовка
на зимница, нејзината работа започнала да се развива и во друг правец кој вклучува презентирање на
процесот на одгледување продукти во бавча, нивна подготовка па се до краен готов производ.
Приказната ја именува како „Моја Бавча“ која е главна водилка во градењето нови успеси. Нејзината историја е доста долга или како што вели таа бележи околу 7 години.
На почетокот започнала со подготовка на зимница во мали количини кои биле наменети за роднини, пријатели и познаници, а тоа што ја поттикнува да се вложи во приказната е поддршката која ја добила од својата фамилија и потребата од работен ангажман кој ќе и донесе финансии. Без разлика дали зимницата ја подготвува за себе или свои пријатели, Лозановска потенцира дека таа ја прави како за свои деца.
Идеологијата на „Моја Бавча“ е да ги поттикне луѓето да јадат што е можно повеќе домашни продукти, домашна здрава и органска храна, да се пијат природни чаеви и сокови.
„Кога ќе спомнам домашно, подразбирам на домашно одгледуван зеленчук и овошје, тревки и зачини кои не соодржат пестициди, а кои се наводнувани со чисти подземи води и одгледувани во здрава, богата и плодна почва, вели таа.
Александра има стекнато искуство со странски туристи, за кои вели дека
најмногу ги воодушевува природата и храната која ја
сервира. Туристите се возбудени кога движат низ бавчата и во зависност од сезоната
им се овозможува да наберат свежи
полодови кои подоцна ќе може да ги јадат.
За неа ваквиот концепт на работа ја доловува традицијата, историјата и секојдневието на мештаните во Демир Хисар. Најголем интерес за посета има на есен. Месеците кога мирисот на тазе подготвена зимница се шири низ бавчата.
За да може да ги нагости сите посетители, Лозановска има подготвено своја програма која најчесто трае од три до четири часа. Се започнува во 8 часот наутро кога заедно со групата се посетува бавчата оддалечена 5 километри од семејната куќа. Овде гостите имаат прилика да се запознаат со тоа како се одгледува овошјето и зеленчукот, а доколку постои интерес може и самите да наберат од плодовите.
За оние пак кои
не се во можност да ја посетат бавчата, Александра вели дека секогаш постои втора
опција, а тоа е мини бавчата која се наоѓа во дворот на нејзината куќа а каде
таа го наоѓа својот мир додека нема обврски.
Главниот дел од дружбата се одвива во нејзиниот двор каде гостите се пречекуваат со свежи домашки пијалоци. За време на седенката Александра им презентира неколку фотографии поврзани со процесот на обработка, берба и подготовка на храната која е послужена на трпезата.
Интересен е фактот дека гостите покажуваат голем интерес за тутунот, за начинот на негово одгледување, берба и производство на цигара, која гостите може и да ја пробаат, додава домаќинката.
Она што ги прави најмногу среќи и задоволни посетителите е тоа дека си заминуваат дома со полни стомаци. Ваквото гастрономско искуство кое ќе ви овозможи дегустација на свежи салати, малака, овошје, како и домашни питулици, лепче и зелник печени во фурна и домашни пијалоци е причина повеќе поради која треба да ја посетите бавчата на Александра.
Нејзината приказна од денеска се наоѓа во нашата база „Гастромонија“ каде може дирекно да комуницирате со Александра. Повеќе информации ќе најдете со еден клик ОВДЕ.
Дел од фотографиите се направени од: Кети Талевска
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Папрадиште, Велешко – планинско село за мирен одмор и автентично искуство
Откријте го Папрадиште, сместено на Јакупица. Уживајте во планински патеки, традиционална архитектура и мирна природа. Пронајдете идеално сместување преку кајак.мк.

Јабланица – планината што крие езера, врвови и авантура | Совршена викенд дестинација
Откријте ја магијата на Јабланица: планинарење, планински езера и недопрена природа на границата меѓу Македонија и Албанија.

Нешто ново во Македонија: Во Вратница се отвори нова вила за престој
Село Вратница е мало, но полно со автентичност и топлина, каде времето тече побавно и полесно. Вила Вратница идеално место за уживање.

Стогово – недопрен планински бисер во Македонија и дестинација која мора да ја вметнете во вашата листа
Откријте ја планината Стогово – скриено богатство на Македонија со недопрена природа, високи врвови и автентично планинарско искуство. Совршено место за љубители на авантури и мир.

Матка кањон – идеална викенд дестинација за целото семејство
Матка кањон – срцето на авантурата во Македонија
Предлог викенд дестинација: Вевчански извори - идеална дестинација за ден во природа со семејството или пријателите
Барате идеална дестинација за ден во природа со семејството или пријателите? Вевчанските извори нудат кристално чисти води, пешачки патеки низ магични долини и можност за авантура и релаксација под отворено небо.