02.11.2025
Засадивме 1700 дрвца: За секоја онлајн резервација извршена преку Кајак.мк во изминатиот период
Засадивме 1700 дрвца: За секоја онлајн резервација извршена преку Кајак.мк во изминатиот период
Кајак.мк засади нови 1700 дрвца – за сите нови 1700 онлајн
резерваци извршени во изминатиот период.
Нашиот концепт е јасен: Со секоја онлајн резервација преку Кајак.мк- Вие донирате и засадувате по едно дрвце во Македонија.

Новите дрвца се од видовите „Црн бор“ и „Бел бор“, симбол на издржливост, чист воздух и живот. Акцијата на пошумување се реализираше во околината на манастирот Св. Илија во село Давидово, браната Калица и пределот на Демир Капија. Секоја година вложуваме љубов и труд за да ѝ вратиме на природата дел од она што ни го дава секој ден.

Замислете секое ваше патување како дрвце – мало, но полно со живот. Со секоја онлајн резервација преку Кајак.мк, вие не само што го поддржувате туризмот, туку и помагате во создавањето на зелена Македонија. Ова не е само бројка, туку симбол на заедништво и верба во подобра иднина. Вие сте дел од приказна која расте, буквално и метафорично.

Кајак.мк е првата платформа во Македонија која директно
плаќа данок од секоја ваша онлајн резервација – транспарентно, одговорно и во
корист на заедницата. Во исто време, со секоја резервација вие донирате по едно
дрвце за пошумување на нашата земја. Две едноставни, но силни промени кои
прават разлика – за економијата, за природата, за сите нас.
Кајак.мк расте заедно со вас – платформа создадена да ја поддржува локалната економија, локалните претприемачи и природата. Нашата мисија е јасна: да покажеме дека туризмот може да биде одржлив, одговорен и полн со љубов кон земјата во која живееме.

Ви благодариме на сите кои верувате во нашата приказна, ни давате поддршка, тука сте со нас!
Продолжуваме да правиме добри работи за Македонија.
Коментари
-
Dejan Gelevski
04.11.2025 14:24
Поздрав од срце за акцијата, се надевам ке биде поттик за нови проекти од сличен тип. Природата пред се, таа е нашиот создател!
-
Светлана Давковска
04.11.2025 10:06
Браво, изненадувате со оваа акција 👏 Да ја шириме општествената одговорност кон природата 🏞️
-
DANIEL TRAJKOSKI
03.11.2025 19:17
Bravo Prodolzete taka
-
Marko Trendevski
03.11.2025 18:43
Bravo
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!