13.12.2022

Произведувам барикни и пенливи македонски вина

Произведувам барикни и пенливи македонски вина

Нема ништо подобро од тоа да купите македонско вино како предновогодишен подарок за вашите најблиски роднини, пријатели, колеги од работа или пак за вас- за душа.

Ние во Кајак.мк одлучивме да им ја дадеме сета поддршка на малите семејни винарии и да ги испромовираме во вистинско светло, како би ве поттикнале вас да кликнете ОВДЕ и да купите од нивните вина. Дали знаете зошто го правиме ова? Затоа што, доколку купите производ увозен од странска земја, купувањето не би добило на значење, а доколку купите производ од мали локални занаетчии и претприемачи, вие со тој чин ќе ги направите среќни и локалците кои се вложуваат во работата и вашите најсакани.

Како трет факт е дека со секоја нарачка преку Кајак.мк, вие засадувате по едно дрвце во Македонија. Звучи симпатично целиот овој концепт зарем не?


Денеска сакаме да ве запознаеме со уште еден одличен и искусен винар кој животот го посветил на виното и лозарството. Ние разговаравме со Ивица, човекот кој стои позади прекрасниот бренд „Винарија Кувин“, а која винарија од денеска има своја тезга во бакалницата на Кајак.мк.


Ивица има прекрасен бренд кој произведува прекрасни вина. Од вкус до амбалажа. Со еден збор уметност која вреди да се вкуси.

Ивица ни ги раскажа почетоците на винаријата. Кувин е мала семејна винарија која е регистрирана 2015-та година, иако семејството се занимава со винарство од 2011-та година. За да остане верен на традицијата и историското наследство на регионот, винарија своето име го добива како кованица од село Кучково и вино.


Виновата лоза која ја поседува Ивица е засадена во далечната 1964 година од неговиот дедо.


„Дедовата убов кон лозјето, продолжил да ја негува мојот татко кој честопати велеше: „Виното може да им го помати умот на умните, мудрецот да го стори весел, а сериозниот насмеан“ – Хомер. Како дете воопшто не ја разбирав неговата мисла, но со растењето и созревањето, истата мисла ме поттикна на размислување да го претворам плодот од виновата лоза во боженствен пијалок“, раскажува Ивица.

Пред 2015-та година тој се наоѓа на крстосницата помеѓу: „Одгледување и продажба на грозје“ – како неговите предци или „Професионално производство на вино“ – отварање семејна винарија. Со поддршка од неговите најблиски, тој носи одлука да отвори фамилијарна винарија.


Денеска, Ивица е горд на својот бренд. Неговата винарија има капацитет од 20,000 литри годишно, додека производството варира и се движи од 10,000 до 12,000 литри годишно.


Неговата винарија Кувин произведува барикни вина и пенливи вина на традиционален начин. Сите производи можете да ги погледнете и нарачате од „Бакалницата на Кајак.мк“ или со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.