13.09.2021
Хендикепот не ме спречи да бидам професионален пчелар
Хендикепот не ме спречи да бидам професионален пчелар
Дека во Македонија се уште има луѓе кои се посветуваат на здравиот
начин на исхрана раскажува приказната на Тито од село Псача кое се наоѓа во
околината на Ранковце.
Ова село е најпознато по значајниот средновековен Псачки манастир, кој е сместен во дабовата шума. Селото се наоѓа на левиот брег на Крива Река, во северното подножје на Осоговските Планини. Псача било големо македонско село за време на османлиското владеење, а недалеку од селото има отцепено маало кое го нарекуваат „Чавдарско маало“, што на турски значи ‘рж.

foto:
Во ова маало живее
господинот Тито кој заедно со неговата сопруга Верка претставуваат едно од четирите семејства кои живат
овде.
Неговото маало се
наоѓа на 714 метри надморска височина, а како што вели тој, идеална висина за
одгледување пчели и производство на мед.
Тито е лице со инвалидитет. Поради сообраќајната незгода која ја имал во минатото, не е во можност да извршува работни обврски со неговата лева рака. Но како што вели тој, инвалидитетот не го спречил да се вложи во пчеларството и да изгради 80 сандаци со пчели од кои ќе произведува здрав и квалитетен мед за него и неговата фамилија.

Со пчеларство се
занимава цели 30 години, а помош добива и од неговата сопруга за која вели дека
е повеќе од професионален пчелар.
За Тито најважно од се е да произведе здрав мед со кој ќе се насладуваат неговите деца, внуци и блиски роднини. Локацијата на која се наоѓа пчеларникот му помага да произведе мед од багрем, костен, даб и ливадски мед.

Тој е претежно задоволен од неговата деликатна работа, но вели дека има и лоши години кога пчелите произведувале слаба количина мед. Најголемо влијание има климата која одредува дали годината ќе биде плодна или не.

Покрај медот, Тито вели дека честопати знае да извади прополис кој го користи за ублажување на ракијата, која е многу подобра за конзумација, а медените коцки ги сервира кога ќе го посетат неговите блиски.

Тој и неговата сопруга се заљубени во спокојот и мирот кои ги нуди селото Псача, а особено неговото отцепено горно маало за кое вели дека не би го заменил со никое друго на светот.

Тие се луѓе кои
не користат интернет и социјални мрежи. Уживаат во спокојот и убавината на природата,
а до неговата приказна стигнавме благодарение на Антоние кој го контактираше
тимот на Кајак.мк. Ваквите приказни заслужуваат внимание, затоа чувствувајте се
слободни да ги споделите приказните на луѓето кои прават мали нешта од огромно
значење за Македонија.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!