25.09.2020
Од Скопје до Китка со велосипед! Зошто да не?
Од Скопје до Китка со велосипед! Зошто да не?
Кајак.мк уште со еден еко предлог за едно дневна тура која можете овојпат од Скопје да си ја организирате со велосипед. Наш денешен прелог за патување е планината Китка која се наоѓа југоисточно од нашиот главен град.

Таа е дел од најголемиот македонски планински масив Мокра Планина и претставува негова североисточна гранка. На запад се поврзува со планината Караџица, а на југ со Голешница. Највисок е истоимениот врв Китка со надморска височина од 1.588 метри, а на билото се истакнува и врвот Краста (1.445 м) и препознатливи карпести облици.

Билото на планината Китка претставува вододелница на долините на Маркова и Кадина Река. Изобилува со богат шумски фонд, претежно од листопадни дрвја како и нискостеблести и грмушести зимзелени растенија, поради што е многу раширена дивата сеча на дрва која немилосрдно ја пустоши шумата.

На планината се обележани повеќе планинарски патеки кои се дел од трансферзалата „Македон“ која оди кон Солунска Глава, а постојат и возобновениот планинарски дом „Китка“ како и туристичката викенд населба „Мала Река“. На нејзината северозападна падина е расположена областа Торбешија.

Овде се наоѓа панинарски дом, кој има куќарки каде може да се остане. Информации можете да добиете на: 075 328 746
Извор: Википедија
Photo: Ismet Surban
Дали сте слушнале за „Куќата на Мијаците“ каде можете да спиете? КЛИКНЕТЕ ОВДЕ
|
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.
Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?
Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?
