09.05.2022

Пораснавме во земјоделска фамилија, тоа се темелите на винаријата „Илиев“

Пораснавме во земјоделска фамилија, тоа се темелите на винаријата „Илиев“

Денеска имаме чест да ве запознаеме со Стојан, човекот кој стои позади името на семејната винарија Илиев.

Стојан одвои дел од своето време да ја раскаже приказната за винаријата и да ги запознае читателите и патувачите на Кајак.мк со амбициозноста која ја имал неговиот прадедо уште пред 60 години.


Сето ова кое денеска се нарекува „Винарија Илиев“ започнало со одгледување на грозје. Прадедото на Стојан бил голем љубител на производство на вино и ракија. Стојан вели дека е дете кое израснало во земјоделска фамилија со долгодишна традиција, а веќе во 2005-тата година ваквата семејна традиција одлучуваат да ја крунисат со регистрирање на сопствена винарија во село Сопот, Кавадаречко и да го пуштат во продажба своето прво вино.

Како винарија поседуваат и обработуваат 17 хектари сопствени лозови насади од кои годишно произведуваат од 280-300 тони грозје. Од таа количина се селектираат 20 тони квалитетно грозје за производство на виното.

Упорноста и одлучноста, над талентот и генијалноста, го поттикнуваат нашиот бизнис напред во време на сила или слабост. Цениме средина во која сите се мотивирани секогаш да одат напред и да го најдат патот до успехот.


Винаријата Илиев е мала семејна винарија која е лоцирана во Тиквешкиот вински регион и се занимава со производство на високо квалитетно вино од сортите Темјаника, Рајнски Ризлинг, Совињон Бланк, Розе, Кабенре Совињон и Сирах. Сите произведени од сопствено грозје. Годишно произведува 10.000 литри вино, а цел на винаријата е количина од година во година да се зголемува. 

За најзначајно вино би го одбрале Розе виното, кое е најпродавано. Се разбира тука се и Темјаниката и Ризлингот, а од црвени Каберне Совињон.


Винарија е лоцирана во најпознатиот вински регион во Македонија (Тиквешкиот регоион)  односно во село Сопот- кавадаречко. Да се посети Тиквешијата, а да не се прошетаат големите плантажи со лозја и непцата да не го почувствуваат слаткиот вкус на виното, речиси и да е невозможно.


Денеска, на чело на винаријата е Стојан, а ветер во грб е неговиот татко Димче, кој е исто така искусен познавач на виното и лозарството.

Стојан е студент на технолошко металуршки факултет во Скопје, насока- прехрамбена технологија, се со цел да го збогати своето знаење во делот на производството и да ја продолжи семејната традиција во производство на вино на едно повисоко ниво.


Моментално винаријата не прави понуди за дегустација или посета на винаријата, но ако некој се наоѓа во околината и сака да ја посети може да дојде и да се запознае со винаријата и да ги дегустира вината.

Винаријата Илиев од денеска е дел од нашата он-лајн бакалница, каде можете да ги нарачете нивните вина и да ви ги испратат по брза пошта. Со секоја нарачка преку Кајак Вие засадувате по едно дрвце, а за возрат на тоа добивате електронска благодарница. Нивната продавница можете да ја погледнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Планинско сместување на Кајак.мк каде никој нема да може да ве најде!

Планинско сместување на Кајак.мк каде никој нема да може да ве најде!

Македонија по зајдисонце: земјата што не ја гледаме преку ден

Што се случува во Македонија кога ќе се стемни? Од ѕвезденото небо и ноќните планински патеки до селските огништа и необичните места за престој.

Како високите температури влијаат врз пчелите и опрашувањето во Македонија

Како високите температури влијаат врз пчелите, опрашувањето и природата во Македонија и зошто климатските промени се важни за пчеларството и земјоделството.

Хотел во Јапонија каде гостите не само што престојуваат, туку учат традиција стара со генерации

Хотел во Јапонија им овозможува на гостите да запознаат древна традиција, да посетат фарма и да научат како се подготвува традиционален ферментиран зеленчук.

Оваа планинска оаза е во Македонија и во неа може да се престојува!

Оваа планинска оаза е во Македонија и во неа може да се престојува!

Дали Македонија знае да го претвори филмот во туризам?

Од „The Odyssey“ на Кристофер Нолан до Мариово и македонските филмски локации – може ли филмот да стане нов двигател на туризмот во Македонија?