03.10.2021
Засадени нови 35 дрвца на тим билдинг на Попова Шапка
Засадени нови 35 дрвца на тим билдинг на Попова Шапка
Еј друштво. Тимот на Кајак.мк е среќен да ве информира дека во текот на изминатиот викенд имавме одлична дружба со младта екипа од компанијата „React“ која преку тим билдингот кој го организиравме на Попова Шапка донира и засади нови 35 дрвца.

Нè радува фактот дека се повеќе компании одлучуваат да се препуштат на нашата организација преку која им овозможуваме друштвено патување кое ќе го паметат. Меѓу компаниите кои се покажаа како еко одговорни ја додаваме и компанијата „React“ чии вработени ќе го паметат 1-ви октомври како ден кога направиле добро дело за природата и екологијата.

Облачното и дождливо време не ги спречи да ја завршат акцијата за пошумување и да засадат нови 35 дрвца околу хотелот Скардус.

Покрај акцијата за пошумување, вработените имаа можност да уживаат во нашите тим-билдинг игри, каде поделени во три дела ги измерија мускули.

Тим билдинг настаните на Кајак.мк не би биле комплетни ако недостасува активен туризам. Се со цел да биде комплетна приказната со среќен крај, ние организиравме три тури. Почнувајќи од планинарска тура на која присутните имаа можност да се запознаат со природните убавини на Шара, да научат многу за животинскиот свет на планината и секако да ги направат најдобрите фотографии за време на пикник дружбата која ја организиравме во природа.

Втората тура која ја организиравме беше со електрични велосипеди, каде храбрите имаа можност да поминат километри набљудувајќи ја природата и убавините на Шар Планина.

Третата тура за која ние рековме дека се жени- хероини ја организиравме со коњи, предводени од локалните херои од „Први Мај“ за кои имаме пишувано доста на Кајак.мк.

Она што ни е драго е фактот дека компанијата „Реакт“ која го избра Кајак.мк како организатор на тим билдинг патувањето овозможи поддршка на локалните херои кои според нас прават мали нешта од огромно значење во развојот на туризмот, а кои во овој момент им треба најголемата поддршка.

Затоа, ние им се заблагодаруваме на вработените на „React“ за нивната општествена одговорност и еко свест да ни се придружат кон градењето на еден свет во кој ќе се вреднуваат нештата.
Доколку сакате да погледнете повеќе фотографии од тим билдингот кликнете ОВДЕ.
Доколку сакате да поднесете барање за еко тим-билдинг организација кликнете ОВДЕ.
Коментари
-
Veli Huseini
04.10.2021 14:19
Sakam da sum del od grupata
-
Снежана Дамчевска
04.10.2021 13:45
Ни приредивте незаборавен team building! Супер организација, фала ви на сите!
-
Валентина Пргомет
04.10.2021 09:30
Дефинитивно со Вас го имавме најдобриот Team Building до сега! Посебни пофалби до целата Ваша организација - се беше одлично, од игри до сите три различни активности, сместување, храна, итн.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!