13.02.2020

Совети за патување што секој треба да ги знае

Совети за патување што секој треба да ги знае

Вистинска умешност е да отидете на патување и да поминете без проблеми. Постојат мали тајни кои се учат тековно, како на пример да си обезбедите мапа уште додека сте на аеродром, и секогаш да имате резерва најлон кеси за да ги складирате валканите алишта.

News.au реши да ви помогне со тоа што направиви листа на најважни работи на кои треба да обратите внимание пред да тргнете на пат. Доколку пропуштиле нешто, слободно надополнете ги.

1) Перете ги алиштата во умивалникот или под туш. Понесете со себе малечко шишенце (оние кои се најприкладни за патување) со прашок за перење. Ова е многу полесно отколку да барате (а прашање е и дали ќе најдете) перална во земјата во која сте. Пред да помислите дека ова не е неопходно, сетете се дека додека сте одмор, долната облека не мора да е за еднократна употреба.

2) Научете да користите игла и конец. Да знаете малку од овој занает може да ве поштеди од многу незгоди. Како да не е доволно што веќе сте жртвувале некои од вашите омилени парчиња облека при изборот што да понесете со себе, па да дозволите едно скинато копче да ви зададе дополнителна нервоза.

3) Носете влажни марамици. Не измислуваме топла вода! Носете влажни марамици затоа што може да ви послужат како туш. Да, понекогаш може да поминат денови додека да најдете соодветен туш.

4) Научете да кажете „не, благодарам“. Повеќето совети за патување на кои ќе наидете, или веќе сте ги виделе, се оние кои ќе ве научат како да кажете „здраво“, „да, благодарам“, „благодарам“ и „дали зборувате англиски?“. Во некои земји ќе посакате да знаете да кажете „“не благодарам, оставете ме“. Помислете на пазарите во Турција? „Не, благодарам“, ќе ве остави на мира.

5) Локалните продавници се најдобар избор за секој турист. Евтина храна, традиционални вкусови. Најдете ја најблиската продавница до вашиот хотел и ќе заштедите еден куп пари. Приредувајте си пикник-ручек секој ден.

6) Чувајте пари за итни случаи. Доколку го изгубите паричникот, ќе треба да јадете, нели? Празно кутивче од лабело е одлично скришно место за чување пари.

7) Кога се пакувате, виткајте ги алиштата во ролна. Ова е добро, затоа што освен што не мора да диплите, оваа метода не ги гужва алишата и овозможува повеќе простор во куферот.

soveti3

8) Секогаш имајте резерва најлонски кеси, за да ги складирате валканите алишта. Да ве поштедам од мудрување, смрдливите чорапи ќе ви ги усмрдат чистите алишта. Нема утка.

9) Научете да спакувате малку гардероба. Не ви требаат 20 кг багаж за еднонеделно патување. Ало, МОЖЕ да носите еден пар панталони два дена по ред или повеќе. Што помалку спакувате, поопуштени ќе бидете. Замислете дека метрото е на штрајк на денот кога треба да си одите? Да, така и мислев.

10) Информирајте се колку чини возењето со такси. Носете визит карта од хотелот, и мапа. Замолете ги таксистите да го уклучат таксиметарот, и внимавајте да се легални.

11) Секогаш носете испечатена мапа од местото на кое одите. Чувајте ја батеријата од телефонот за поважни работи.

12) Бидете сигурни дека картичката ви функционира. Најмалку што сакате е да треба да се јавувате во вашата банка за да се разберете зошто сте се посрамотиле на каса.

13) Носете тоалетна хартија, или палома. И гел за дезинфекција на рацете.

14) Земете си сандали или апостолки (ама за под туш). Тушот може да е грозен. Нема да сакате да влезете боси.

15) Научете да менувате гума. Законот на Марфи вели дека доколку тргнеш на пат и не знаеш да смениш гума, најверојатно ќе ти се дупне.

soveti2

16) Подгответе се на тоа дека може да спиете во неубави услови. Понесете си затки за уши, или од оние траки за очи, за да не ви смета светлото.

17) Научете да создадете убава фотографија. Доста се сликате за Instagram. Сликнете нешто од околната глетка. Нека остане нешто по кое ќе го паметите местото.

18) Научете прва помош. Ова е потребно општо за во животот, ако ништо друго.

19) Земете папка за документите потребни за патувањето. Ќе ве поштеди од тоа секогаш да претурате по џебовите или торбата.

Извор: https://www.waikiki.mk/soveti-za-patuvanje1/

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!