20.03.2024
Резервирајте ја планинската дрвена куќичка во која никој нема да ве најде
Резервирајте ја планинската дрвена куќичка во која никој нема да ве најде
Тимот на Кајак.мк постојано ја надополнува својата база на приватни сместувања со нови уникатни скривалишта за луѓе кои сакаат да одморат глава од напорната работа, од гужвата и хаосот. Куќичката можете да ја резервирате со еден клик ОВДЕ.

Замислете си место каде природата игра главна улога, наместо сообраќајот и каде во текот на летните ноќи уживате во дворчето гледајќи го ѕвезденото небо? Токму такво сместување од денеска можете да резервирате преку нашата платформа.
Оваа планинска куќичка се наоѓа во Суви Лаки, една од нашите омилени туристички дестинации прегратките на планината Огражден.

Со еден брачен кревет и кревет на развлекување во дневниот простор, оваа куќичка е перфектното место за сместување на еден пар или семејство со две мали деца.

Дневната соба, опремена со камин, нуди топла и удобна атмосфера за релаксација по долгиот ден на истражување на околината. Кујната ви овозможува да ги приготвите омилените јадења, додека терасата и дворот се идеални за уживање во мирот и спокојот на оваа идилична локација.

За оние кои не се по готвењето, во околината може да го
посетат комплексот Бела Вода каде може да вкусат разни локални специјалитети.
Без Wi-Fi, ова место ви дава уникатна прилика да се одвоите од дигиталниот свет и да се поврзете со природата и луѓето околу вас. Доколку сакате да погледнете повеќе информации, фотографии или пак да испратите барање за резервација кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.
Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?
Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?