21.12.2022

Мала винарија со одлично вино: Димитар раскажува за своите први чекори

Мала винарија со одлично вино: Димитар раскажува за своите први чекори

Во саботата за време на винскиот саем кој се оддржи во Кавадарци, тимот на Кајак.мк го запозна Димитар по случаен избор на голтка вино која нас ни остави добар впечаток. Димитар е млад и нов во работата, а сепак заслужува внимание за тоа што го произведува.

Виното кое го дегустиравме беше од сортата „Ркацители“, кое не поттикна да поразговараме со Димитар и да ја додадеме неговата винарија во нашата бакалница, како би ви овозможиле и вам да дегустирате нешто добро а по солидна цена.

Виното на Димитар можете да го погледнете и нарачате со еден клик ОВДЕ.


Димитар стои позади брендот „Wine & Spirits“ која мала семејна винарија е официјално регистрирана во 2022-ра година. Доаѓа од Кавадарци и има сопствени лозови насади под автентичното сонце кое го зрее тиквешкото злато кое подоцна се точи во чаша.

Димитар ни раскажа дека со лозарство и винарство е поврзан од кога памети за себе. Преку смеа вели дека ако си од Кавадарци, жално е никогаш да не си работел на лозови насади.


Тој е четврта генерација од фамилијата што произведува ракија, вино и маџун. За да ја официјализира круната на нивниот семеен труд, Димитар ја регистрира винаријата. Денеска произедуваат околу 3300 литри вино годишно, а амбициите го водат кон патот на отворање сопствена соба за дегустација на вино и храна и соби за престојување.


Неговата винарија денеска произведува бело, розе и црвено вино од сортите ркацители, смедеревка, мускат хамбург и вранец. Најмногу е горд на ркацители кое вино го именува како Moonlight Walker. За вината вели дека се грозје кое е одгледувано на традиционален начин, а модерна преработка со контролирана температура при процесот на ферментацијата.

Доколку сакате да го дегустирате виното на Димитар, истото можете да го нарачате со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Коментари

  • Radnjanska Suzana Suzana

    21.12.2022 16:52

    Vo vinoto e vistinata. Vistinata od prevkusnite vina na Dimitar ne pravi posrekni i zadovolni.Bravo.

Прочитајте повеќе

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.