26.07.2023
Во Македонија постои вистинскиот рај за храна и го носи името „Пирустија Неданоски“
Во Македонија постои вистинскиот рај за храна и го носи името „Пирустија Неданоски“
Не ви е потребно многу ако на вашата листа на дестинации го имате селското домаќинство „Пирустија Неданоски“. Тимот на Кајак.мк како актрактивна дестинација на која ќе можете да уживате под приватна сенка го акцентира ова прекрасно дворче кое се наоѓа на скоро 1000 метри надморска височина и има прекрасен поглед кон Охридското езеро.

Нашиот тим викендот ја посети Наташа и нејзиното семејство кои нè пречека со насмевка и ни приредија едно вистинско гастрономско искуство кое не би можеле да го добиете на друго место. Домашно подготвена храна од локален зеленчук, локално сирење, домашно месо и вкусен подготвен комат на пирустија за кој се потрудивме самите ние.

Домаќинството „Пирустија Неданоски“ е место каде можете да резервирате приватен ручек со вашите најблиски, а исто така е иделна дестинација за тим-билдинг. Честопати ваквите ручеци се претвараат во часови за готвење, преку кои Наташа ги едуцира гостите како самите да подготват локални специјалитети.

Домаќинството наоѓа во село Рамне до каде можете да се стигне со комбе или автомобил. Околината е толку тивка и смирена, што за миг ќе ве опушти и ќе ве поттикне да се вратите повторно. Овде ручекот се подготвува на традиционален начин. Наташа користи доста алатки од нејзината баба, како би можела да ја зачува автентичноста, а преку подготовката на храната да ни ја раскаже приказната за традицијата на едно јадење.

Верувале или не, секој кој бил овде уживал во секој закал. Затоа не размислувајте дали да го организирате вашето друштво или семејство и да резервирате едно вакво поразлично искуство во домот на Наташа.

Контакт телефон
за резервации и точна локација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.
Коментари
-
Vasil Teodosievski
03.08.2023 11:01
Za pozdravuvanje ! Bravo !!!!
-
Пецо Петровски
30.07.2023 23:02
Ви го препорачуваме да го посетите и да ги вкусите специјалитетите од домашната храна подготвена од страна на вредните раце на домаќините од Пирустија Недановски,Охрид
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.
Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?
Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?
Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“
Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.
Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!
Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!
Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија
Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија