04.07.2023
Гастро дестинација на 800 мнв со базен и поглед кон Црн Дрим
Гастро дестинација на 800 мнв со базен и поглед кон Црн Дрим
Уште една уникатна гастро дестинација за која сигурно досега не сте слушнале. Тимот на Кајак.мк ве води во село Лабуништа, каде на 800 метри надморска височина се наоѓа ресторанот Скорпион.

Со простран двор изграден од камен, опколен со шума и базен за разладување, домаќинот Исејн кој ни ги отвори вратите за светот на Кајак.мк вели дека во моментот се работи и на изградба на 6 нови бунгалови за престој.

Во моментот во
функција е ресторанот, базенот како и еден апартман за 2 лица кој е опремен со
посебно купатило, тоалет и има Wi-Fi.
За оние кои ќе се одлучат да ја посетат ова гастро дестинација, тимот на Кајак.мк ги советува да вкусат специјалитет од јагнешко во фурна, телешко во фурна, локална риба и диво месо во тава.

Ресторанот има
капацитет за 250 лица во затворениот дел и 150 лица во отворениот простор.
Повеќе информации
за точна локација, како и контакт за резервација можете да најдете со еден клик
ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!