27.11.2021
Се одлучив да произведувам рачно и уникатно, тоа го ценат луѓето со животен стил
Се одлучив да произведувам рачно и уникатно, тоа го ценат луѓето со животен стил
Кога ќе поминете преку Битола или пак кога ќе престојувате на Пелистер во некоја од вилите кои ги има на Кајак.мк, наш совет е да скршнете во битолскиот „Мал Безистен“ каде ќе ја најдете занаетчиската работилница и ателје на Надица. Девојката која од денеска е дел од нашата листа на локални херои кои прават мали нешта од огромно значење за развојот на туризмот.

Надица е битолчанка, а за себе вели дека е нетрпелив оптимист кој има оригинални идеи. Се одлучила да се посвети на креативноста, а главен акцент да и биде модата, која ќе ја пропагира на свој уникатен начин.

Големата желба и е главната мотивација да отвори свое ателје кое го именува како „Креација“, а за кое катче вели дека ѝ помага да биде своја и да твори на начин на кој таа сака. Сите производи ги изработува рачно, а за нив вели дека се единствени и уникатни. Има изработено повеќе колекции на накит, а секоја колекција си има своја приказна од моментот на инспирацијата.

На пример, Надица вели дека колекцијата „Златен век“ е
инспирирана од Македонското културно наследство, од златото на Лихнитида, а најновата
колекција „Танго“ е инспирирана од разни видови танци.
Безистенот во Битола е место кое ќе ве врати низ историјата, а во таков стил е и ентериерот на нејзиното ателје. Место кое ја инспирира и ја поттикнува да биде креативна.

Вели дека во нејзиното ателје има место за секого кој сака
да научи како се произведува рачен накит. Секој кој е заљубен во уметноста е
добредојден овде, бидејќи како што вели таа, уметноста е емоција која се
пренесува и рефлектира.
Нејзините производи може да ги најдете и на фејсбук страницата:
kreacijajewelry
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.