23.06.2022
Сместување со базен и спа на Плачковица: Дестинација која заслужува внимание
Сместување со базен и спа на Плачковица: Дестинација која заслужува внимание
Можеби ретко се споменува на туристичките понуди, но Плачковица е планина која заслужува поголемо внимание од досегашното. Ова планина била и се уште е почетокот на многу планинари, првата љубов на многу патувачи на планина, првите поминати километри пешачење низ шумските патеки и првите голтки вода дирекно од реката.

Се со цел да Ви го задржиме вашето внимание и да ве поттикнеме да го посетите овој крај на Македонија, тимот на Кајак.мк разговараше со нашиот нов домаќин Станко, чиј хотел „Бел Камен“ од денеска е дел од нашта база на приватни сместувања.

Станко вели дека госите кои престојуваат во хотелот доаѓаат од повеќе причини. Почнувајќи од прекрасната шума која го опколува хотелот, велосипедските патеки кои ги има низ шумата и патеките за пешачење до највисокиот врв „Лисец“.

За Плачковица се вели дека е планина за секого. Горите на планината се од бука, бор, ела, липа и разни диви овошја. Но планината е позната и по печурките. Овде може да најдете вргањ, сончарка, лисичарка, буковка, јајчарка во изобилие.

За љубителите пак на дивите шумски плодови чија сезона за берба започнува наскоро, може да се кажае дека планината е богата со малини, шумски јагоди, капини, шипинки, трника, дрен и боровинки. Додека движите низ планината ќе го почувствувате мирисот на парфем од билките кои растат тука. Од кантарион, риган, ајдучка трева, салеп, па се до мајчина душичка.

Планината има
четири врва кои се над 1700 метри надморска височина, а помалку познат факт е
дека Плачковица има најголем број пештери.
Домаќинот Станко
додава дека до хотелот може да се пристигне по асфалтиран пат. Оддалечен е 20
километри од градот Радовиш, а хотелот располага со доволен број на паркинг
места за сите гости.
За љубителите на
активниот туризам треба да наведеме дека хотелот располага со спа центар и
надворешен базен кој е достапен за користење.
Доколку сакате
повеќе информации и фотографии, како и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!