20.07.2020

Планинската куќа на Марта му пркоси на класичниот планински туризам на Шапка

Планинската куќа на Марта му пркоси на класичниот планински туризам на Шапка

Прекрасна, пријатна и пространа планинска куќа лоцирана во центарот на ски центарот Попова Шапка која се наоѓа во непосредна близина на жичарницата. Има традиционален дизајн и дрвен ентериер, што ви го дава тоа топло и домашно чувство. Куќата е целосно опремена со сите кујнски уреди, машина за перење, сателитска телевизија, два ЛЦД-телевизори, бесплатен Wi-Fi, проточен бојлер за топла вода, централно греење во сите делови на куќата и преден двор што може да се користи за скара.
Позади ова стои Марта, девојка која е вистински ентузијаст и која на туризмот во Македонија гледа од поинаков аспект. 

ДОКОЛКУ ВИ СЕ ДОПАЃА КОНЦЕПТОТ НА МАРТА И САКАТЕ ДА РЕЗЕРВИРАТЕ НОЌЕВАЊЕ ЗА ВАШАТА ФАМИЛИЈА ИЛИ ЦЕЛО ДРУШВО, ТОГАШ КЛИКНЕТЕ ОВДЕ. Капацитетот е до 7 лица. 


Здраво Марта. Како дојде до идеа за ваков концепт на планинска колиба која ја изнајмувате?

Здраво здраво „Кајак екипо“ :)
Јас и мојот сопруг отсекогаш мечтаевме за живот надвор од градот и досега се што создававме создававме да ја оствариме таа цел. Од работа немаме страв (се смее) но преферираме работата да ни е во природа. Поблиску до вистината.
Универзумот виде дека не се предаваме од идејата иако личеше невозможна, па ни ја даде #скромнава колибка да ја работиме. Ние решивме да се покажеме во најдобро светло штo можеме, па затоа имаме уште многу планови за развивање во планината. Си ја дотеравме како прекрасно топло гнездо со сите салтанати и многу љубов. Постојано си ја дотеруваме а гостите ни даваат огромна подршка и признание што ни дава сила и надеж дека ќе си ги оствариме нашите а и нивните желби. Предлозите кои ни ги даваат гостите се нашата водилка.



КАЈАК: Претпоставуваме дека вашите гости не се класични патници, туку луѓе коишто патуваат со стил. Какви се нивните реакции?

Верувам дека љубовта на луѓето кон природата ги прави подобри луѓе и тоа мислење до сега ми го потврдија сите гости што не посетија. А можеби и воздухот си го прави своето хаха.
Од нас и кукичево до сега ни се немаат пожалено фала богу, најмногу се воодушевени од енериерното колоритно уредување, беспрекорната хигиена и тоа што кујната е опремена со се што можат да си помислат. Обожаваат што имаме стакларник за дружби кога времето во дворот нема да им се погоди. Тоа што имаме парно греење во цела куќа им е од посебно значење поготово на гостите со мали дечиња. Сред зима внатре се носи летна гардероба хехех

KAJAK: Од каде најчесто имате гости? Што велат странците за Попова Шапка?

Гости имаме секакви и од секаде. Просто не ми се веруваше зимава дека ни дојдоа и од Аљаска. Уште сме во контакт со нив како и со многу други. Воодушевени се од нашата дива лепотица Шапкица и постојано потенцираат дека имаме преголем потенцијал за туризам па да ваат и совети како би се направиле некои работи.

Не е тајна дека треба повеќе да работиме на развивање на еколошката свест и да се бориме против фрлењето отпадоци кое за жал се уште е присутно во нашето секојдневие, а кое им боде очи на многу странци кои не посетуваат.


КАЈАК: Која е разликата помеѓу домашните и странските гости?
Сите гости се погодија прекрасни и нормални. Единствено по што се разликуваат се финансиите. Странците се чудат колку сме евтини и оставаат многу бакшиш а нашите знаат и да ни ги израчунаат трошоците за да видат дали е ок цената за што и немаме проблем да го продискутираме тоа отворено со нив за да сватат дека не ги цедиме хах. Неретко и ферски се договараме за цена со оглед на околностите. Нивниот најубав бакшиш и признание за нас е она благодарам што се гледа дека е од срце и ни посакуваат напредна иднина.
Сите се грижливи да ни остават така како што нашле, најверојатно поради што се гледа колку внимание имаме посветено на се. Искрено не очекувавме сите гости да ни се толку културни. Огромно фала драги гостичиња за вашата грижа, љубовта е обострана.

КАЈАК: Што треба да знаат нашите патници пред да ве посетат? Што им препорачувате?
Пред да не посетат треба да знаат дека тавче за палачинки имаме ххахахах (поздрав до сите што ќе се пронајдат).
Вода флаширана никако не носете зошто нашава е нектар.
Препорачуваме да си земат облека за секакво време затоа што дивава наша лепотица е непредвидлива. Скари имаме и на дрва и електрична а ако заборавите нешто основно како зачини, зејтин или сл. Ќе ви пишеме кај се резервите.


ДАЛИ МАРТА ВИ ЗВУЧЕШЕ КАКО ДОМАЌИН СО КОЈ ТРЕБА ДА СЕ ЗАПОЗНАЕТЕ? ДОКОЛКУ ДА, ТОГАШ СЕЛЕКТИРАЈТЕ ГО ВАШИОТ ТЕРМИН И РЕЗЕРВИРАЈТЕ ВЕДНАШ, ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ СО ЕДЕН КЛИК ОВДЕ 
ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ МОЖЕТЕ ДА ДОБИЕТЕ НА 076 791 157

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Балкан туризам 2026: Нови авиолинии и регионални патувања

Балканот во 2026 станува силно поврзан туристички регион со нови авиолинии и раст на комбинирани патувања. Откријте како се менува туризмот во Македонија и регионот.

Нешто ново во Македонија: Дрвена куќичка со базен достана за изнајмување!

Нешто ново во Македонија: Дрвена куќичка со базен достана за изнајмување!

Предлог дестинација за овој викенд: Преспа – езерската убавина која повторно го привлекува вниманието на патниците

Откријте ја убавината на Преспа овој викенд. Посетете ги Претор, Отешево и Крани, истражете ги локалните атракции и пронајдете идеално сместување покрај Преспанското Езеро.

Неделно откритие од Македонија: Изворите на Бабуна

Високо во Јакупица, над Нежилово, се наоѓаат изворите на Бабуна – недопрено планинско подрачје каде реката започнува како мрежа од мали студени извори меѓу шума, камен и тишина.

Една година подоцна: Како директната линија Истанбул – Охрид го отвори Охрид кон светот

Една година подоцна: Што донесе линијата Истанбул – Охрид за туризмот во Македонија?

Лето 2026: новата слика на туризмот – од класичен одмор кон искуства, планини и микро-дестинации

Лето 2026 ја носи новата насока на туризмот – од класични одмори кон автентични искуства, планински авантури и откривање на микро-дестинации што нудат вистинска поврзаност со природата и локалната култура.