07.12.2022

Престојувајте во етно вила во село Љубојно

Престојувајте во етно вила во село Љубојно

Секојдневно ги ископуваме на површина сите уникатни сместувања во Македонија кои вредат да ги посетите барем еднаш во животот. Ако има дестинација која мора задолжително да ја посетите, тоа секако би било село Љубојно.

На само 2 километри од Големото Преспанско Езеро, во пазувите на планината Баба и во долниот тек на живописната долина на Брајчинската Река се наоѓа селото Љубојно.


Ова прекрасно планинско селце е сместено на 920 метри надморска височина и е опколено со густа претежно дабова шума на источната страна.


Додека пешачите по асфалтираните улички на селото ќе имате впечаток како да се движите назад низ времето. Во селото ќе забележите дека има многу стари куќи кои се градени меѓу двете светски војни, со печалбарски пари. Нив посебно ги краси фино делканиот камен, разнобојните фасади и уникатните балкони. Ваквите градби ќе ви дадат чувство дека шетате низ мала градска населба.



Во самото село се наоѓа и вилата „Стара Чешма“ која од денеска е дел од базата на Кајак.мк. Нашиот тим утрово разговараше со домаќинката Елида, која ни ја сподели приказната на оваа мало симпатично фамилијарно катче кое ќе ви го направи викендот поубав. Станува збор за објект кој има 5 соби и вкупно 13 легла, што укажува на тоа дека ова сместување е идеално за фамилијарно истражување на селото Љубојно и околината.

 


Повеќе информации, фотографии и контакт за резервации можете да добиете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!