25.03.2020
ОЛИМПИЈАДАТА ВО ТОКИО ОДЛОЖЕНА ЗА 2021 ГОДИНА
ОЛИМПИЈАДАТА ВО ТОКИО ОДЛОЖЕНА ЗА 2021 ГОДИНА
Томас Бах, претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), се согласи со предлогот на јапонскиот премиер Шинзо Абе за префрлување на Игрите во Токио за следната година, пишува 24.мк
Денес, Абе, Бах и шефот на организациониот комитет на Олимпијадата, Јоширо Мори, одржаа видеоконференциски состанок на кој се разговараше за одложувањето на Олимпијадата поради пандемијата на коронавирус.
– Предложив г-дин Бах да ги одложи Игрите за една година. Тој 100% се согласува со мене, изјави Абе.
Денес попладне ќе се одржи состанок на Извршниот комитет на ИОК на кој ќе треба оваа одлука да се официјализира.
Игрите во Токио требаше да се одржат од 24 јули до 9 август.
Извор: https://www.24.mk
ИНФОРМАЦИИ КОИ СЕКОЈ ПАТНИК МОРА ДА ГИ ЗНАЕ, А СЕ ПОВРЗАНИ СО КОРОНАВИРУСОТ, ЧИТАЈ ОВДЕ!
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!