23.09.2020
Eдна од најубавите вили на Тиквешко Езеро може да ја резервирате онлајн
Eдна од најубавите вили на Тиквешко Езеро може да ја резервирате онлајн
Летото за некого се уште не е завршено, а за тие кои се уште важи правилото за искористување на последните сочневи денови од месец септември нашиот туристички сервер Кајак.мк ви претставува една од најубавите вили на Тиквешко Езеро како одлична можност за добра релаксација. Вилата Princess Tikvesh Lake е доста луксузна, а погледнот и е кон тиквешкото езеро. Опколена со лозови насади, ова вила е една од подобрите коишто се нудат во овој регион. Во моментот не можете да ја резервирате преку Кајак.мк но затоа можете да го сторите тоа преку Booking.com.

Таа располага со сезонски отворен базен и бар. Климатизирана е а и нуди бесплатен паркинг и WiFi конекција.
Ова куќа е идеална за семеен одмор. Има простран двор, три спални соби, дневна, ТВ, кујна и бања со туш.
Повеќе информации можете да најдете на Booking.com. Доколку сопствениците го контактираат Кајак.мк за додавање на телефонски број за резервација, истиот ќе биде додаден наскоро.

ШТО БИ ПРАВЕЛЕ ВО ОВОЈ РЕГИОН?
На просторот на Тиквешкото Езеро постојат голем број на археолошки наоѓалишта, населби, манастири и споменици. Од античкиот период, на овој простор се откриени повеќе наоѓалишта, како на пример: Римските гробишта кај с. Клиново и населбата Црквиште. Од средновековните наоѓалишта, познати се: населбата Тиквеш, пештерската црква „св. Лазар“ во близина на утоката на реката Каменица во Тиквешкото Езеро, Полошкиот манастир „св. Ѓорѓи“, пештерската црква „св. Марко“ во близина на с. Драдња) и др.

Во близината на селото Куманичево се наоѓалокалитетот Моминска карпа за кој постои легендата според која три девојки од селото Галиште, за да си ја спасат честа, се фрлиле од карпата. Пирота, за некоја да не се премисли, тие претходно си ги врзале косите во заедничка плетенка. Во близината на селото Моклиште се наоѓа манастир од XVI век, посветен на св. Никола.

Непосредно над езерото се наоѓа Полошкиот манастир и црквата „Свети Ѓорѓи“ од XIV век, богато украсена со фрески. За неа се мисли дека потекнува од крајот на IX век, бидејќи според архитектурата е многу слична со охридските црковни градби. Википедија извор.
МОЖЕБИ ПОПАТНО ЌЕ САКАТЕ ДА ЈА ПОСЕТИТЕ НАЈСТАРАТА ВИНАРИЈА НА БАЛКАНОТ? ДОЗНАЕТЕ ЗА НЕА ПОВЕЌЕ СО ЕДЕН КЛИК ОВДЕ. |
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.
Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?
Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?
