26.12.2022

Секоја година влегувам во студена вода: Предизвикот ми препрасна во традиција

Секоја година влегувам во студена вода: Предизвикот ми препрасна во традиција

Тимот на Кајак.мк неодамна пишуваше за Елеонора Димковска, битолчанката која прави храбри чекори за кои и самата вели дека се огромни предизвици за неа.

Во претходното четиво Елеонора ни раскажа за нејзините почетоци на планина и за тоа како нејзиниот дедо ја поттикнува да се заљуби во неа. Доколку сакате да се запознаете со почетоците на Елеонора, приказната можете да ја прочитате со еден клик ОВДЕ.

Денеска, Елеонора има добро искуство на планина. Знае како да се соочи со студеното време кое коси на врвовите, а искуството им го споделува на сите млади и амбициозни луѓе кои размислуваат да го направат првиот чекор на планина.


Елеонора има свое невообичаено хоби. Втора година по ред, традиционално влегува во ладна планинска вода. Започнала минатата година, како што вели таа од чиста љубопитност. Сакала да го доживее чувството на капење во зимски услови, да ја искуси екстремноста и да се соочи со самата себе.

Минатата година влегла во Големото Езеро на Баба планина, а потегот ја поттикнал да продолжи со менталните подготовки за кои вели дека и биле доста забавни. Таа вели дека најголем поттик и бил нејзиниот тренер кој постојано ја поддржувал, но од друга страна и велел дека треба да го искуси предизвикот со капење во период на најстудената зимата, месец јануари.


Елеонора вели дека преку ова го буди детото во неа, но вели дека е свесна за внимава на временските услови и опасноста од капењето во зима. Големото езеро е на 2218 метри надморска височина, езеро кое често е целосно замрзнато. Овде голема улога игра и ветерот, а истото така и дождот. Додека пак, доколку времето е снежно, Елеонора вели дека тоа е дополнително уживање.

Според неа треба да се внимава на секој потег. Ги советува сите авантуристи кои поттикнати од четивото ќе се одлучат да појдат до крајната екстремост, дека не е се толку едноставно и дека треба голема подготвеност. Според нејзините совети, треба да се започне со капење во месеците како октомври или мај кога температурите не се многу ниски, Откако телото ќе се навикне на студената вода тогаш може да се премине на постудени месеци.


Кога зборуваме за здравите придобивки од капењето во студена вода, треба да се знае дека пред се ја зајакнуваме циркулацијата на крвта, го стумилираме имунолишкиот систем и го подготвуваме телото да се брани од вирусите кои не напаѓаат, вели Елеонора. Сето ова нè штити од инфекции, го инхибира воспалението, ја намалува болката во мускулите кај спортистите, помага при согорувањето на маснотии, го поттикнува хормонот на среќа и други позитиви.


Во однос на жените, Елеонора вели дека многумина би рекле ,,Зошто влегуваш во студена вода, штетно е за јајниците”, но според студиите тоа воопшто не е штетно за жените, дури е корисно со тоа што ја зголемува плоднбоста, додава таа. Нејзина препорака за жените е да не го практикуваат  методот само за време на циклус.


Тимот на Кајак.мк ја запраша кои се нејзините планови во 2023-та година. Таа ја започна реченицата со тоа што им ја честита новата година на сите читатели и патувачи на Кајак.мк и им посака се најубаво во новата. Како и досега, додава таа, ќе продолжи да мотивира што е можно поголем број на млади луѓе како би ги поттикнала да внимаваат на своето здравје, да спортуваат да учат и да се надоградуваат себеси.

Исто и ние од Кајак.мк и посакуваме на Елеонора многу успеси на секое поле. Драго ни е што познаваме девојка хероина која не носи наметка.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.

Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?

Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?