17.01.2022

Дедо ми беше активен планинар, а денес јас ја продолжив неговата традиција

Дедо ми беше активен планинар, а денес јас ја продолжив неговата традиција

Дел од нашите патувачи со трпение очекуваат да заврши зимата, а останатите знаат како да уживаат во нејзината лутина.

Меѓу оние кои знаат да ги искористат благодетите на зимата е Елеонора Димковска. Уште една наша локален хероина кој ги мотивира младите да се заљубат во активниот туризам на планина.


За Кајак.мк вели дека е студент на факултетот за безбедност во Скопје. Луѓето ја познаваат како Нора, девојката која веќе 15 години тренира гимнастика.

Во планината е заљубена од мали нозе. Главен виновник за нејзината љубов кон планината е нејзиниот дедо кој бил активен планинар и честопати ја водел на планинарење. Со годините и нејзината независност од дома, Нора одлучила да ја продолжи традицијата на сопствениот дедо и да го посвети живтото на нови авантури.


Планинарењето и било секогаш помеѓу приоритетните работи, но вели дека со активно планинарење се занимава од почетокот на пандемијата. Најголема мотивација и се луѓето кои ги среќава на планина. За нив вели дека се многу поразлични од луѓето во градот. Сите се позитивни и секогаш расположени за другарување, а како втор важен фактор го истакнува чистиот воздух и погледот кој го нуди планината.

Заљубена е во „Националниот парк Пелистер“ и најмногу време поминува овде. За неа Пелистер нуди неверојатен поглед кој ја исполнува.


За оние млади и заинтересирани лица коишто во моментот го читаат ова четиво, Елеонора вели дека треба да знаат оти на планина никогаш не се оди сам. Покрај убавините, планината има и свои опасности. Секогаш треба да практикуваат планинарење со искусен планинар и да ги слушаат неговите совети.


„Главната причина за тоа што денес сум активна планинарка е тоа што го сакам здравиот начин на живот и позитивните луѓе кои секојдневно ги запознавам на секоја моја авантура и се разбира искуството, адреналинот и забавата што ни ја нуди планината“, вели Нора.

За неа секоја авантура си носи своја посебна приказна, но ако треба да издвои нешто кое го обожава во зима е симнувањето од врвот со лизгање. Ваквиот адреналин го буди детето во себе, а тоа е најпозитивното нешто што може да им се случи на ,,возрасните".

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.

Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?

Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?

Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“

Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија