31.03.2021
Не сме од оние млади кои го напуштиле селото: Развиваме патувања преку рурален туризам
Не сме од оние млади кои го напуштиле селото: Развиваме патувања преку рурален туризам
Еј, погледнете надвор, пролет е! Време е да се истегнеме и да ги облечеме патикитe на нозе и ставиме ранецот на грб. Наскоро ќе ги пролжиме зелените патувања низ Македонија, Албанија, Грција (се надеваме), Туриција, Црна Гора, Србија...
Додека сме се уште во Македонија, сакаме да ви ја прераскажеме еко приказната за „Домаќинска куќа- Пирустија“ на „Пирустија Недановски“. Ова семејна камена куќа се наоѓа во селото Рамне, Охрид.
Сместена во селото веднаш до најголемата чешма со поглед кон Охридско Езеро. Сопствениците на „Пирустија Недановски“ велат дека не се од оние млади луѓе кои ја напуштиле селската куќа. Напротив, тие вложиле во нејзина реставрација и доградба, каде си создале катче за уживање.
Она што е интересно за нив е дека во нивниот двор не уживаат сами. Тука се роднините и пријателите, колегите и познаниците. Секој викенд е исполнет со многу луѓе, дружба и секако квалитетна храна.
Најчесто се подготвуваат: Комат, кошмишпите, питулици, ѓомлезе, па и леб и сето тоа се подговтвува на традиционален начин, под сач (вршник).
(foto: genuinexperiences)
По препорака на нивни блиски луѓе, се вклучуваат во обуки за рурален туризам. Спонтано се родила идеја дека овој концепт може да го нудат на луѓе кои би сакале да ја слушнат приказната која значи чувување на традицијата. Селото е на само 3,5 км. од градот, на 960 метри надморска височина, па затоа е одлична за луѓе кои обожаваат пешачење и велосипедисти. До куќата може да се пристигне и со автомобил.



Во програмата не се изоставуваат освежителните пијалоци како компоти од праски, сливи, вишни или праски, сок од дренки или планински чај.

Кога сме веќе кај најмалите, убаво е да се спомне дека во Рамне има двор со мини фарма каде децата може да погалат куче, пиле, кокошка, прасе, зајче, патка, потполошка... да брцнат рака во кокошарникот и да си земат јајце, да откорнат морков и да нахранат зајак.

Ова приказна може да ја најдете на фејсбук под „Пирустија Неданоски“, со лого на пирустија, која е триножно железно столче на кое лежи сачот (вршникот).
Тие се дел од платформата #genuinexperiences.
Коментари
-
Ваня Овчарова
16.04.2021 08:33
Много хубава идея! Браво!
-
Виолета
31.03.2021 18:26
Одлично. Продолжете така
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.