19.12.2022

Нашите гости во јануари и февруари ќе имаат можност да дегустираат вино од мали семејни винарии

Нашите гости во јануари и февруари ќе имаат можност да дегустираат вино од мали семејни винарии

Домаќинот Далибор кој воедно е првиот супер-домаќин на Кајак.мк (со над 30 рецензии на платформата) за Кајак вели дека сите нови гости кои ќе резервираат престој во месеците јануари и февруари ќе имаат можност да дегустираат вино од малите македонски семејни винарии.

Ваквата комбинација од сместување на планина, уживање во сауна и чаша македонско вино е идеална за романтична зима. Далибор додава дека на ваков начин ќе им се даде поддршката на малите семејни винарии, а воедно како сместување ќе придонесе за промоција на нови брендови кои постепено се шират низ државата.


„Ако отпатувате во делчевскиот регион, тоа не значи дека не можете да го почувствувате тиквешкиот регион. Со ваквиот концепт, вила Гора прави конекција помеѓу планината и котлината. Сауната која е изградена и каминот на дрво во дневниот престој, дополнително ќе го привлечат гостинот да отвори шише добро вино и да ужива“, вели Далибор.


Вила Гора е идеална вила за цело друштво или семејство кое сака да скршне од очите на јавноста. Идеално место каде ќе сакате да се засолните на подолг период.


Доколку сакате повеќе информации, фотографии и контакт за резервација од вилата, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!