22.12.2020
Одведете ги вашите деца до Спировата Колиба
Одведете ги вашите деца до Спировата Колиба
Онлајн часовите од дома, се причина повеќе да го натера тимот на Кајак.мк да пишува совети за тоа каде можете да го прошетате вашето дете. Не дозволувајте вашите деца да останат затворени дома за време на викенд. Учењето од дома, намалената физичка активност и загадениот воздух во градските средини може да имаат лошо влијание врз вашите деца.
Денеска ве водиме на Скопска Црна Гора.
Кој беќе бил сигурно знае, но што што се уште ја нема посетено Спировата Колиба, Марија го советува, задолжително да ги одведе своите деца на викенд. Имајте предвид дека викендот што ни доаѓа имаме најави за снежни врнежи, така што значи дека патувањето со деца (доколку снегот не е пречка) може да биде доста авантуристичко. 
Спировата колиба се наоѓа на Скопска Црна Гора. До неа се пристигнува по патеката која започнува од Бродец (кај чешмата) и е долга 3.5 километри.
Потребни ви се околу 2 часа за да стигнете до колибата со вашите деца. Патеката не е стрмна што значи дека и помали деца можат да ја издржат. Имате предвид дека подолга, па се зависи од желбата и кондицијата на детето. Треба да се следат маркациите на дрвјата за да не згрешите.
Природата не се опишува, посебно погледот кон цело Скопје и околните планини од Спирова колиба. Колибата е отворена за секој што ќе стигне до нејзе, може да се пресоблече внатре во неа или згрее доколку надвор е поладно.
Бидејќи се работи за планина, Марија препорачува малку потопла облека, бидеќи на многу места знае да дува силен ветер.

Иако чичко Спиро пред 20 години направил колиба од дрво за засолниште, за децата оваа малечка куќичка на сред планина беше атракција. Информации и совети за патување со деца може да најдете на инста профилот: @zabava_so_deca
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!