01.06.2022
Од непознато место создадовме прекрасна туристичка дестинација
Од непознато место создадовме прекрасна туристичка дестинација
Тимот на Кајак ги сака приказните кои мотивираат. Особено
оние приказни кои започнуваат од нула, па градат една долга успешна приказна
која има свои падежи и возвишувања.
Денеска ќе ви ја раскажеме приказната на Душко Матоски, домаќин на семеејниот ресторан „Белојшки Бисер“ кој од денеска е дел од нашата база на „Гастрономија“.

Душко започнал да ја испишува приказната уште пред 13 години.
Стациониран во село Беловиште, за кое село во тоа време малкумина слушнале, а
денеска е претворено во туристичка дестинација која луѓето ја користат во текот
на цела година.
За оние кои не слушнале за селото Беловиште, ова село се наоѓа на 20 километри од Тетово, кон граничниот премин Јажинце. Во непосредна близина на излетничкото место Петачко Водиче, на самиот пат кој води до него, од левата страна, се наоѓа нашиот ресторан „Белојшки Бисер“, кој е спој на традиционалното и модерното.

Душко вели дека како и секој почеток, така и неговиот
почеток бил тежок, но благодарение на планинските друштва успеале да го испромовираат
овој семеен бизнис во регионот, на државно, но и на меѓународно ниво.
Денеска се радуваат што, како први во овој регион, успеале да ги поттикнат и остананите да ги следат нивните постапки и да се зголеми бројот со уште три ресторани во околината.

Тој додава дека семејниот бизнис – Матоски го започнале се со цел гостите да дојдат и да уживаат во природата на Шар Планина, пешачките патеки во околината, планинското ветре создадено од блискиот водопад, а прошетката да ја завршат со уживање во храната приготвена на уникатен начин. Куќата, која е изградена уште во 1934 година е адаптирана за неколку дневен одмор со цел гостите да уживаат во убавините на нашиот крај, вели Душко.

„Кога станува збор за храната, секогаш се трудиме да имаме свежи намирници. За предјадење гостите најчесто сакаат да нарачаат тиквица со биено сирење и домашно овчо сирење, сето тоа збогатено со домашна ракија. Како главно јадење ви препорачуваме да ја пробате дипломатската плескавица или свинското полнето „Белојшки Бисер“, а за вкусот да биде уште побогат задолжително нарачајте домашно вино. Од традиционалните јадење ви препорачуваме тавче гравче, селско месо, домашна пита, бакардан или топеница, но овие јадења ги правиме по нарачка за гостите секогаш да уживаат во тазе приготвената храна“, препорачуваат од рестроанот.

До ресторанот се пристигнува со автомобил, а за гостите кои
го сакаат пешачењето може да го остават автомобилот во селото и да уживаат во
прошетката од 1,5km. Целиот пат кој води до ресторанот е по течението на реката,
па така освен во пешачењето воедно ќе уживате и во звукот на реката. Да не ги
заборавиме и велосипедистите кои сакаат пострмни патеки. Домаќините со
задоволство ги очекуваат и им се радуваат на гостите кои доаѓаат со велосипеди.
Доколку сакате контакт за резервација, можете да го добиете
со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!
Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!
Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија
Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија
Кајак.мк со ново сместување на планина Обозна- 1000мнв!
И тогаш кога ќе помислите дека сè сте виделе и посетиле во Македонија, Кајак.мк ве води на ново место и нова локација!
Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“
Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.
741 илјада туристи за седум месеци: Македонија може многу повеќе
Македонија има што да понуди, но туристичкиот потенцијал сè уште е поголем од бројките Во првите седум месеци од 2026 година Македонија регистрирала 741.446 туристички доаѓања. Растот е мал, а следниот чекор е подолг престој и повеќе причини за патување низ земјата.
Доаѓа викенд: кои диви животни може да ги сретнете на планина во Македонија?
Планирате планинарење? Дознајте кои диви животни живеат во македонските планини и како да постапите ако забележите мечка, дивокоза, волк или змија.