Белојшки Бисер: Беловиште Контакт за резервација: 070 263 289 или 070 389 916
Денеска ќе ви ја раскажеме приказната на Душко Матоски, домаќин
на семеејниот ресторан „Белојшки Бисер“ кој од денеска е дел од нашата база на „Гастрономија“.
Душко започнал да ја испишува приказната уште пред 13 години.
Стациониран во село Беловиште, за кое село во тоа време малкумина слушнале, а
денеска е претворено во туристичка дестинација која луѓето ја користат во текот
на цела година.
За оние кои не слушнале за селото Беловиште, ова село се наоѓа на 20 километри од Тетово, кон
граничниот премин Јажинце. Во непосредна близина на излетничкото место Петачко
Водиче, на самиот пат кој води до него, од левата страна, се наоѓа нашиот
ресторан „Белојшки Бисер“, кој е спој на традиционалното и модерното.
Душко вели дека како и секој почеток, така и неговиот
почеток бил тежок, но благодарение на планинските друштва успеале да го испромовираат
овој семеен бизнис во регионот, на државно, но и на меѓународно ниво.
Денеска се радуваат што, како први во овој регион, успеале
да ги поттикнат и остананите да ги следат нивните постапки и да се зголеми
бројот со уште три ресторани во околината.
Тој додава дека семејниот бизнис – Матоски го започнале се со
цел гостите да дојдат и да уживаат во природата на Шар Планина, пешачките
патеки во околината, планинското ветре создадено од блискиот водопад, а
прошетката да ја завршат со уживање во храната приготвена на уникатен начин. Куќата,
која е изградена уште во 1934 година е адаптирана за неколку дневен одмор со
цел гостите да уживаат во убавините на нашиот крај, вели Душко.
„Кога станува збор за храната, секогаш се трудиме да имаме
свежи намирници. За предјадење гостите најчесто сакаат да нарачаат тиквица со
биено сирење и домашно овчо сирење, сето тоа збогатено со домашна ракија. Како
главно јадење ви препорачуваме да ја пробате дипломатската плескавица или
свинското полнето „Белојшки Бисер“, а за вкусот да биде уште побогат задолжително
нарачајте домашно вино. Од традиционалните јадење ви препорачуваме тавче
гравче, селско месо, домашна пита, бакардан или топеница, но овие јадења ги
правиме по нарачка за гостите секогаш да уживаат во тазе приготвената храна“, препорачуваат
од рестроанот.
До ресторанот се пристигнува со автомобил, а за гостите кои го сакаат пешачењето може да го остават автомобилот во селото и да уживаат во прошетката од 1,5km. Целиот пат кој води до ресторанот е по течението на реката, па така освен во пешачењето воедно ќе уживате и во звукот на реката. Да не ги заборавиме и велосипедистите кои сакаат пострмни патеки. Домаќините со задоволство ги очекуваат и им се радуваат на гостите кои доаѓаат со велосипеди.
Контакт за резервација: 070 263 289 или 070 389 916
ЛОКАЦИЈА