16.02.2022
Сместување со ентериер во кој секој сака да престојува од денеска на Кајак
Сместување со ентериер во кој секој сака да престојува од денеска на Кајак
Кајак.мк ги цени и почитува домаќините како Кристиан од Крушево кој ги отвори вратите за светот на Кајак.мк и ни сподели милион корисни информации поврзани со историјата на градот и душата на Clarina all Seasons Rooms & Aprtments кои од денеска се дел од нашата база, а кои може да ги резервирате со еден клик ОВДЕ.

Домаќините на Clarina успеале да создадат уникатен ентериер кој на гостите ќе им даде едно поинакво чувство. Објектот е отворен во 2021 година и е доста модерен. Ентериерот е дизајниран да обезбеди топлина во просторот и хармонија. Боите на ѕидовите се во земјени тонови, а внатрешноста на објектот е со мебел изработен од буково дрво кој му дава дополнителна топлината на просторот и ве прави да се чувствувате како дома.

Доколку сте на фамилијарно патување со вашите деца, треба да знаете дека во непосредна близина се наоѓа детски парк каде дечињата може да се забавуваат и да уживаат.
Недалеку од сместувањето е Гумење, Македониум и Крушевското езеро каде гостите може да го искористат слободното време. Во непосредна близина се наоѓа кафеана која служи локални специјалитети и каде може да се ужива во вкусот на традиционалната крушевска кујна.

Clarina all Seasons Rooms & Aprtments се наоѓа на 500 метри од центарот на градот, што значи дека со една кратка прошетка гостите се веќе во срцето на Крушево. Уникатната архитектура гго прави Крушево поразлично од другите градови, град во кој царува мирот и природната убавина.
Тимот на Кајак.мк постојано вели дека Крушево е град кој вреди да го посетите било кој период од годината. Град каде ќе најдете интимност со вашиот партер или партнерка, град во кој ќе го исполните вашето и времето на вашите деца со активности во природа и град во кој ќе уживате во добрата храна.

Доколку сакате да погледнете повеќе фотографии од внатрешноста на објектот, информации и контакт за резервација тогаш кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.