26.03.2020
Русија прогласи неработна недела со цел да не се шири коронавирусот
Русија прогласи неработна недела со цел да не се шири коронавирусот
Од понеделник, Русите нема да одат на работа. Рускиот претседател Владимир Путин следната недела ја прогласи за неработна со цел да се спречи ширењето на корона висурот. Ќе функционираат аптеките, маркетите за храна и транспортот. Освен тоа Путин го одложии референдумот за гласање уставни измени закажан за 22 април, со кој би му овозможиле да остане подолго на власт, пишува на порталот на Сител.
Во оваа земја заразени се 658 луѓе, од кои 410 во Москва.
Последните бројки покажуваат дека во светот има околу 500 000 заразени. Починале над 21 000, а се излечиле околу 115 000 пациенти.
Во Италија до сега починале над 7000 лица, што значи дека има 4000 повеќе смртните случаи во Кина. Со тоа оваа земја и понатаму останува најпогодена во светот.Позитивно е што веќе четврти ден веќе има намалување на бројот на заразени лица. од рекордните 4.821 нови случаи во саботата, 3.612 имало во вторникот и 3.491 во средата.
Во Шпанија која е второто европско жариште, вонредната состојба продолжува до 11 април. Трета најпогодена земја е САД со над 1000 починати.
И додека коронавирусот во повеќето земји во светот продолжува да се шири, Косово остана без влада. Ова следи откако пратениците му изгласаа недоверба на премиерот Арбен Курти, кој на оваа функција не остана ни 2 месеци.
Извор: https://sitel.com.mk
СИТЕ ВЕСТИ ПОВРЗАНИ СО ПАТУВАЊЕТО И КОРОНАВИРУСОТ ЧИТАЈТЕ ГИ СО ЕДЕН КЛИК ОВДЕ!
- ДАЛИ МОЈАТА АВИОКОМПАНИЈА ЌЕ МИ ГИ ВРАТИ ПАРИТЕ ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ, ЧИТАЈТЕ ОВДЕ!
- ИНФОРМАЦИИ КОИ СЕКОЈ ПАТНИК МОРА ДА ГИ ЗНАЕ, А СЕ ПОВРЗАНИ СО КОРОНАВИРУСОТ, ЧИТАЈ ОВДЕ!
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Скриени дестинации во Европа: Македонија станува нов туристички бисер
Сѐ повеќе туристи бараат автентични и помалку познати места во Европа. Откријте зошто Македонија има потенцијал да стане една од најинтересните туристички дестинации на Балканот.
Овие планински дрвени куќички се наоѓаат во Македонија, а имаат и отворен базен
Во срцето на недопрената природа, на само петнаесет километри од урбаното јато на Скопје, се наоѓаат шест мирни оази изработени од дрво—модерни куќички кои ветуваат одмор за душата и телото.
Баба Лепа на 85 години прави едни од највкусните „кори“ во Македонија
Баба Лепа на 85 години прави едни од највкусните „кори“ во Македонија. Приказна на Кајак.мк која можете да ја читате додека сте на планина, плажа, пикник, дома или на работа.
Ново на Kajak.mk: Кајак и бродски тури на Матка – откријте го кањонот од вода
Ново на Kajak.mk: Кајак и бродски тури на Матка. Истражете го Матка кањонот од вода, уживајте во езерото Матка, Врело пештера и уникатните природни пејзажи во близина на Скопје.
Катамаран тури на Охридско Езеро – Ново искуство достапно преку Kajak.mk
Откријте ги новите катамаран тури на Охридско Езеро. Панорамски крстарења, Св. Наум, Заливот на Коските, Радожда, Сини Лагуни и приватни пловидби за незаборавно езерско искуство.
Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум
Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум. Кајак.мк со уникатни тим билдинг патувања во Македонија.