10.02.2022
Филигранството ми овозможи да се изразувам на еден поинаков јазик
Филигранството ми овозможи да се изразувам на еден поинаков јазик
Месец февруари го посветуваме на жените кои значат за туризмот,
а кои со своите уникатни приказни ја подигаат свеста кај младата популација
дека од мала желба и иницијатива да се научи нешто ново, може да се заработат дополнителни
средства за егзистенција.
Кајак ваквите жени ги нарекува локални хероини кои имаат огромно значење во развојот на туризмот во Македонија. Занаетчиството игра огромна улога кога се во прашање туристите кои ги интересира приказната пред производот, а такви туристи има сè повеќе.

Денеска ќе ве
запознаеме со Лада Шоптрајанова Петровска, виолинистка, музичка писателка,
a во последните две и половина години, со неизмерна радост и љубов - филигранистка. По речиси три
децении професионално занимавање со музика како виолинистка во „Македонската
филхармонија“ и
основач и водач на неколку камерни ансамбли, започнува да ги шири уметничките хоризонти и да се нурне во нова уметност наречена- филигранство.
Пред да научи да плива во филигранството, Лада пишувала музички колумни за весникот „Нова Македонија“, а дел од нив ги преточила во книгата „Сновење“.

Филигранството и
го привлекло вниманието со самиот факт дека за неа ова претставува нов начин на
креирање уметност. Вели дека можеби љубовта кон изработувањето накит не е
случајна, бидејќи нејзиниот прадедо
кој за жал починал пред таа да се роди бил часовничар и златар, затоа мисли дека станува збор за генетски преодредена професија.
Накитот го изработува со високо квалитетно сребро со чистотата од 999, 950 и 925 промили, извлечено во жици со различна дебелина.

За да успее во своите намери Лада посетувала часови кај филигранистот Александар Милев, како и кај врвните мајстори во Златара Рубин, па се до работилница за филигран во Јафа, Израел. Секој од нејзините учители и пренел дел од своето знаење и за тоа им е бескрајно благодарна, но вели дека важно е личното искуство преку кое се учи многу, а со тоа се надоградува претходното знаење.

Таа се задржува на традиционалните техники за изработка на филигран, но не и традиционалните форми. На накитот му дава современ, свеж и уметнички изглед. За неа накитот е нов подиум, нејзина лична сцена, на која го пренесува уметничкото искуство стекнато на над 1000 отсвирени концерти. Музиката која течела низ жиците на нејзината виолина, сега ја вградува во нежните сребрени жици, бидејќи како што вели Лада, филигранството не е само знает, тоа е еден поинаков јазик за уметничко изразување.

„Секое парче накит е уникатно, никогаш не правам две исти, во секое има личен печат. Сакам секој кој го носи мојот накит да знае дека носи уникат. Тоа е она што е најкарактеристично за мојот бренд Filigree LARGO, кој почнав да го развивам како хоби, за еден ден да стане моја основна професија“, вели таа.

Во мај изминатата година таа изработила колекција накит за Винарија Тиквеш, која се продава во нивниот ексклузивен вински бутик, а честопати со својот накит учествува од тематски базари. Дел од нејзиниот
накит може да се најде на страницата Filigree LARGO на фејсбук и на
@filigree.largo на инстаграм.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Што се случува оваа недела во Македонија: фестивали, концерти и летни настани
Откријте ги најинтересните настани во Македонија оваа недела – фестивали, концерти, културни случувања и идеи за викенд патување низ земјата.
Кајак.мк ве води во село Слепче
Слепче е дестинација која сè почесто ја избираат љубителите на мирниот одмор.
Кајак.мк ве води во село Пклиште
Токму овде, на Кајак.мк отсега можете да резервирате сместување во планински комплекс кој располага со капацитет за до 27 гости.
Добар Бар: Нов живот за еден стар градски киоск во Скопје
Добар Бар во Скопје покажува како стар градски киоск може да добие нов живот. Откријте ја приказната зад ова урбано катче со ретро карактер.
Галичката свадба повторно го оживеа Галичник
Галичката свадба повторно го исполни Галичник со вековни обичаи, мијачки носии и традиција. Откријте зошто ова е едно од најавтентичните искуства во Македонија.
Скриени плажи во Македонија: 7 места што ги знаат само локалците
Барате мирно место за капење? Погледнете кои се најубавите скриени плажи во Македонија и откријте природни заливи далеку од летните гужви.