12.08.2022
Предлог викенд дестинација: Коњарка- излетничко место во близина на село Скочивир
Предлог викенд дестинација: Коњарка- излетничко место во близина на село Скочивир
За оние коишто живеат во Битола или општина Новаци „Коњарка“ им е добро позната дестинацијата за пикник, но за останатите патувачи на Кајак ова е уште еден предизвик за викенд патување.

Август, септември и окотимври се одлични месеци за пешачење во природа, возење велосипед низ шума и уживање покрај река со вашето друштво и најблиски.

Денеска ќе Ви дадеме уште еден одличен предлог за викенд покрај река, а реката со која ќе ве запознаеме денеска е Коњарската Река чиј извор се наоѓа под Кајмакчалан, на самата граница со Грција на 2260 метри надморска височина.

Коритото на реката тече кон запад, а покрај течението е формирана густа шума, каде воедно се наоѓа излетничкото место Коњарка.

За оние кои ќе се одлучат да го посетат излетничкото место треба да знаат дека тоа се наоѓа во близина на селото Скочивир или на 38 километри од Битола.

Ова излетничко
место е комплетно уредено со клупи, уредено речно корито, патеки за пешачење и
велосипедизам, а недалеку од излетничкото место се наоѓа манастирот Св. Лука,
која може да ви биде вашата крајна дестинација за пешачење од Коњарка. Фотографиите се преземени од hikingadventures.mk
Коментари
-
Драги Атанасовски
12.08.2022 21:21
Прекрасно место убава природа чиста и ладна вода рај за очи и душа
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.
Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?
Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?