25.01.2021
Патуваме низ Македонија за да учиме лекции и да ги раскажеме на другите
Патуваме низ Македонија за да учиме лекции и да ги раскажеме на другите
Добар
понеделнички ден. Нашиот тим денеска ве запознава со Биле и Сашо, кои се само
љубители на она што треба секој да го почитува и цени- природата.
Доказ дека сите учат и менуваат навики додека се живи е приказната на овој брачен пар, кој во изминатите 10 години, успеал да научи многу за убавините на природата и за позитивната страна од патувањето.

Нивните чекори во
изминатите две години може да се следат на интернет. На фејсбук страницата,
инстаграм профилот и јутуб каналот „Travel and Enjoy & Nedogledija“.
Биле, со која успеавме да стапиме во контакт, вели дека некаде пред дваесеттина години, започнале поинтензивно да шетаат, по Македонија, по околните држави и не само за годишни одмори, туку го користат секој викенд и секое слободно време некаде да залутат. Самите се изненадиле од убавините на природата и сето она со кое располага нашата земја.

Како што вели таа, сфатиле дека Македонија не е само планини и езера, туку
е и водопади, и пештери, чудни геолошки форми и прекрасни вештачки
езера, чудесни села и неброени историски објекти, археолошки наоѓалишта и ред друго.

Биле вели дека пријателите
ги поттикнале да направат профили на социјалните мрежи каде би можеле да ги
споделуваат сите фотографии и видеа од убавините на Македонија. Направиле фејсбук страница, Јутуб и Инстаграм профили именувани како „Travel and Enjoy & Недогледија“. Самото име укажува на нивниот стремеж кон недогледите во
секоја област, нешто што нè движи напред.
Низ разговорот ни
потенцираа доста места кои ги препорачуваат за посета. За нас познати се Камените
кукли во Кратово, но малкумина слушнале за останатите вакви форки како што се-Ѓаволскиот
Ѕид, Богословец, кањонот Камник, литотелмите во Страцин, камените топки во
Горно Кратово.

На прашањето да ни ги одвојат трите омилени села во Македонија. Тие ни
направија селекција на три групи на села кои вреди да се посетат. Овде се:
Oвчеполските ридски села. Прекрасна архитектура на селска
куќа, широки погледи од чардаците, бескрајни полиња со жито, сончогледи и други
култури. Во ова група ги издвојуваат
селата Малино и
Павлешенци.

Мариовски села - Напуштеноста на овој простор ги конзервирала селата во
време од минатиот век е на некој
начин музеј на отворено. Во комбинација со карактеристичниот ридски
карпест пејсаж пресечен со текот на рекичките даваат прекрасно чувство на мир,
спокојство и поврзаност со природата. Во ова група ги истануваат селата Зовиќ, Штавица, Бешиште, Полчиште и Манастир.
Селата во областа АЗОТ – Велешко! Чист
воздух, зеленило, прекрасни стари куќи со примеса на староградска архитектура,
голема културна традиција. Овде ги
истакнуваат селата
Теово, Богомила, Нежилово и
Папрадиште.

За нив селата се богатство во
Македонија. Секој реон - поинаква приказна. Даваат голем капацитет за селски
туризам, за планински туризам, за ридски и планински велосипедизам, манастирски
туризам, подготовка на здрава, традиционална храна но има уште многу, многу
работа за нивна промоција.
Биле советува да се чува природата и да не се фрла
отпадоци. Исто така советува дека на една дестинација треба да и се вратите
повторно, бидејќи секогаш има нешто ново што треба да се виде.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Вапцување јајца на Велики Четврток – традиција и значење
Откријте ја традицијата на вапцување црвени јајца на Велики Четврток во Македонија – значење, обичаи и совети за здраво и еко-пријателско вапцување јајца.
Велигденско патување полно автентични вкусови и приказни
Доживејте уникатно Велигденско патување со автентични вкусови, локални традиции и незаборавни искуства кои оставаат трајни спомени.
Велигден во Македонија: традиции, автентични обичаи и празнични активности
Истражете како се слави Велигден во Македонија, традиционалните обичаи, локалните специјалитети и активности за незаборавен празничен викенд.
Пролетни пикник дестинации во Македонија – Скриени бисери за оваа сезона
Откријте ги најдобрите пролетни пикник дестинации во Македонија. Од Козјак планина, до езера, автентични села, уживајте во природата, свежиот воздух и традиционални специјалитети оваа пролет. Идеално за фамилии, пријатели и романтични моменти!
Франција – Дестинација која мора да се види во 2026 година
Не ја пропуштајте шансата да ја доживеете магијата на Франција оваа година! Франција е земја која плени со својата романтика, култура, историја и гастрономија. Во 2026 година, таа продолжува да го привлекува вниманието на туристите од целиот свет, нудејќи безброј искуства за сите типови патници – од љубителите на уметност и историја, до авантуристите и гурманите.
2 Април – Светски ден на аутизмот: Подигнување на свеста и прифаќање
2 април е Светски ден на аутизмот. Дознајте повеќе за свеста, прифаќањето и поддршката на лицата со аутизам.