03.02.2023
Дали сте слушнале за Гречки Рид во Македонија?
Дали сте слушнале за Гречки Рид во Македонија?
Гречки Рид е уникатна гастро дестинација која Кајак.мк ја додава во својата база. Можете да ја посетите во текот на цела година, но имајте предвид дека преку зима, пролет и лето треба да имате претходна резервација минимум 2 дека пред посетата. Гречки Рид е идеален за тим-билдинг патување или фамилијарни посети. Ова го велиме бидеќи објектот не работи постојано (освен јули и август), а може да ви гарантира одлична приватност преку лето, есен и зима. Резервацијата е задожителна, контакт број можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Гречки Рид е
локална дестинација за уживање и релаксација со традиционални локални
специјалитети кои најчесто ја користат жителите на село Жировница.
На 19 километри од Мавровското езеро по самиот тек на реката Радика од самата десна страна на патот кој води кон Дебар, ќе наидете на прекрасна дрвена куќарка со отворен летниковец на која пишува „Добредојдовте во село Жировница“.

Домаќините на Гречки Рид велат дека се расположени за посета преку цела година, но гостите треба да знаат дека резервацијата е задолжителна. Активни се преку летната сезона кога околината е зелена и кога луѓето бараат локации каде би можеле да уживаат во текот на летниот перид.

Самото село Жировница во превод значи „Село со многу воденици“, затоа овде можете да најдете голем број на валавици и воденици кои жителите ги изградиле по течението на Валавичарската и Таироската река.

Гастро
дестинацијата е на надморска височина од 912 метри, во самото подножје на Дешат
и Кораб. Гречки Рид можете да го комбинирате со престој во уникатниот планински дом кој што се наоѓа на говедарницата, а кој можете да го погледнете и резервирате ОВДЕ.
Повеќе информации, точна локација и контакт за резервации можете да најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!