22.06.2022
Нашите прадедовци биле пчелари, а ние сме тие кои ја продолжуваме приказната
Нашите прадедовци биле пчелари, а ние сме тие кои ја продолжуваме приказната
Имаме многу уникатни приказни на Кајак.мк кои може да се прочитат, а истите може и да се посетат, да се доживеат и да се вкусат. Една таква приказна која ќе ве поттикне да го стартувате вашиот автомобил и да појдете во Малешевскиот регион е приказната на пчеларникот Bee Farm, Шу-Ми.

Ние разговаравме со Борис Шуперлиски, еден од виновниците за продожување на фамилијарната традиција со одгледување на пчели и производство на мед. Борис е нашиот нов локален херој кој од денеска е дел од базата на Гастрономија, а со кого можете да стапите во директна комуникација со еден клик ОВДЕ.

Борис ни раскажува дека љубовта кон пчеларството во неговата фамија е наследена од многу генерации. Имаат податоци дека уште од 1836 година нивните предци се занимавале со оваа дејност. Од дедо Ѓорѓи, дедо Миле кој живеел 116 години, дедо Јован кој бил еден еден од основоположниците на современото пчелараство во Македонија и Југославија, нивниот покоен тато Михаил па се до денес.

Пчеларникот има прекрасна местоположба. Тој се наоѓа длабоко во Малешевските планини до каде можете да се стигне исклучиво пеш или со теренско возило. Нивните пчели овде функционираат од кога Борис се сеќава за него. Околината е чиста и заборавена од цивилизацијата, нема струја, нема интернет, нема телефон и во радиус од 27 километри нема асфалтили населено место. Она што Борис го истакнува како важен факт е дека во околината нема овоштарници, нема земјделие и нема прскање со пестициди. Местото е именувано како „Широки Дол“ и е земјиште каде низ историјата имало римска населба.

За регионот Борис вели дека е богат со стаара длабока дабова шума, опколен со ливади чаеви и разни билки и растенија кои го прават медот со највисок можен квалитет кој досега има добиено многу златни медали на повеќе светски натпреварувања.

Во моментот се фокусирани на производство на мед со врвен квалитет. Го имаат во две форми и тоа течен органски суров мед за Македонскиот пазар и премиум пакување на органски суров мед кој е наменет за странскиот пазар, а кој се продава кристализиран односно кремиран.

Борис вели дека пчеларникот е достапен за туристи. Во имотот располага со викендива во која може да се преспие, има базен кој ретко функционира но е со природна вода која извира 70 метри под земја. Но најважно од се е тоа што тие нудат можност за посета на пчеларникот и секој кој сака да го проследни и изучува процесот на производство на мед е добредојден. Овде е и можност да се вади мед дирекно од кошниците на овоштарникот, а за тие кои ќе помогнат добиваат награда изразена во мед. До самата локација, Борис вели дека се движат со „олдтајмери“ од 1968 година од кои 6 се ландровери 109, кои се вистинска атракција за гостите.

Досега ги имаат посетено доста гости кои најчесто се плнинари, бидејќи и самите тие уживаат во планинарењето, но за оние кои не се физички подготвени да пристигнат до дестинацијата, имаат можност да појдат со велосипед, АТВ мотори, крос мотори и слично.
Борис вели дека нема поубаво чувство од дегустирање мед и полен односно перга дирекно од пчелите, но сето ова се надополнува и со прекрасната домашна храна која ја подготвува нивната мајка.
Доколку сакате да
стапите во контакт со нив, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!