21.07.2021

Резервирајте престој во селскиот ранч на Ката

Резервирајте престој во селскиот ранч на Ката

Во втората половина од месец јули може да истакнеме дека базата на Кајак.мк се надополни со доста уникатни сместувања во Македонија и надвор од неа во кои може да престојувате. Денеска од особено задоволство и чест ни е да ве информираме дека „Ранчо и Ванчо на Ката“ е дел од нашата база на приватни сместувања.


Воедно би сакале да ве информираме дека како слободни термини за престој во ранчот се: Oд 23.07 до 28.07 и од 13.08 до 15.08. Слободните термини за престој ќе бидат постојано ажурирани во информативниот текст за сместувањето. Воедно би сакале да ве информираме дека тимот на Кајак.мк овој ранч го има како дел од новиот проект за „тим-билдинг“ настани кои се во наша организација, а исто така, овој ранч е доста атрактивен и за организирање на момински и ергенски настани со уникатно гастрономско доживување. Што значи дека доколку сакате да прошетате со вашиот тим (Превоз, гастрономско уживање, посета на одредени локалитети) пополнете го формуларот за да добиете понуда од нас. Формуларот може да го најдете со еден клик ОВДЕ.


За оние пак кои се уште не слушнале за „Ранчо и Ванчо на Ката“, треба да знаат дека со ова место домаќинува Катарина, која воедно е една од жените хероини кои прават мали нешта од огромно значење за развојот на туризмот. 


Катарина вели дека уште пред 15-тина години имала визија еден ден да живее во дива природа, а приходите неопходни за живот да ги заработува од селски туризам. Нејзиниот рустикален дом кој се наоѓа во срцето на Македонија нуди еден нов посебен концепт на сместување со мал сместувачки капацитет, а кој на гостите им се служи македонски специјалитети од здрави домашни плодови.


извор: fino.mk

Ката вели дека во светот постои една интересна група на луѓе, кои, без оглед на нивната професија и начин на живеење, имаат потреба да се „ослободат“ од стегите на урбаната џунгла, да се изгубат во дивината, да го доживеат мигот на сегашноста, вечноста на ѕвездите, мирот и холистичкото заедништво на живата природа. Тие луѓе потоа сакаат да преспијат во соба исполнета со бои, рустика, чиста енергија на дрвото и каменот, имајќи го притоа целиот комфор на убаво уредена бања, топла вода, миризливи рачно изработени сапуни.


По долгата анализа, таа се одлучува за село Оморани каде го почувствувала спокојот и каде и биле понудени неколку стари куќи за продажба. Денеска во ова село таа го има изградено својот сопствен рај, во кој гостите и посетителите ќе имаат можност да уживаат во природата, вкусовите и спокојот на селото.

Доколку сакате да „TEAM BUILDING“ во домот на Катарина, пополнете го следниот формулар со еден клик ОВДЕ.
Доколку сакате повеќе информации за сместувањето, како и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Коментари

  • Stefanova Svetlana

    23.07.2021 19:37

    ve molam cena od nokevanje za dvajca za avgust i septemvri

Прочитајте повеќе

Топлотен бран во Европа: Како екстремните температури влијаат на летниот туризам во 2026

Екстремен топлотен бран со температури над 40°C ја зафаќа Европа. Дознај како жештините влијаат на туристичките патувања, дестинации и летниот туризам во 2026.

Тим билдинг исполнет со адреналин, креативност и забава

Тим билдинг исполнет со адреналин, креативност и забава.

Неделно Откритие од Македонија: Бабуна Пешти – скриен кањон кај Велес

Откриј ја Бабуна Пешти кај Велес, тесен кањон со варовнички карпи, природни пештери и недопрена речна природа, идеален за љубители на авантура и мир.

Coolcation тренд 2026: Летото се сели кон север и планинските дестинации

Европскиот туризам се менува со пораст на „coolcation“ трендот, при што патниците сè почесто избираат посеверни и планински дестинации за летен одмор поради поудобни температури, природа и поавтентични искуства.

Домаќински тим билдинг искуства со Кајак.мк низ Македонија

Домаќински тим билдинг искуства со Кајак.мк низ Македонија

Балкан туризам 2026: Нови авиолинии и регионални патувања

Балканот во 2026 станува силно поврзан туристички регион со нови авиолинии и раст на комбинирани патувања. Откријте како се менува туризмот во Македонија и регионот.